fbpx
Таг: влада

таг: влада

Ковачевски: Пред нас имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки, ќе дебатираме и во парламентот

Имаме позиција за јасно и недвосмислено прифаќање на македонскиот јазик. Како и протоколот да не биде во преговарачката рамка, рече премиерот Димитар Коваевски на денешната прес конференција, по средбата со партнерите од владината коалиција на која се дискутираше за францускиот предлог за преговарачката рамка на Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ. „Денешниот состанок е прв од...

Бугарскиот парламент расправа за гласањето доверба на владата на Кирил Петков, во Софија протести

Во бугарскиот парламент денеска се расправаше за гласањето доверба на владиниот кабинет предводен од Кирил Петков. Расправата веројатно ќе продолжи до утре, а гласањето доверба би се случило в четврток. Ова е прво барање да се изгласа недоверба на владата предводена од Кирил Петков, известува mediapool.bg. Расправата течеше со многу обвинувања и кон владата и кон партиите на владејачката коалиција,...

Ковачевски: Предвремени избори нема да ги решат проблемите, го затвораме ова прашање

Денеска заклучивме дека предвремени избори нема да ги прешат проблемите, па затоа го затвораме ова прашање. Следни парламентарни избори ќе има во 2024 година, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, по средбата со владината коалиција. Тој кажа дека уцените за предвремени избори ги оценува како неразумни и против интересите на граѓаните. „Повод за средбата беше реафирмација на стратешките приоритети за справување...

Поради утрешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ, булевар „Илинден“ пред Владата од денеска ќе биде затворен за сообраќај

Поради протестот што утре (сабота 18.06.2022 г.) ќе го организира опозициската ВМРО-ДПМНЕ, почнувајќи од денеска (петок 17.06) од 17:00 часот па сè до завршувањето на настанот, делот од булеварот „Илинден“ пред зградата на Владата ќе биде затворен за сообраќај. Поточно, сообраќајот нема да се одвива од крстосницата на булевар „Гоце Делчев“ со булевар „Илинден“, до крстосницата на булевар „Илинден“ со...

Ковачевски, Вучиќ и Рама на 8 јуни ќе потпишат договорот за заемно признавање дипломи

Владата на Република Северна Македонија на денешната 50-та седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе измени и дополнувања на заклучокот од претходната седница во врска со Договорот за соработка за земјите од Западен Балкан на полето на заемно признавање на дипломи и научни степени издадени од високообразовни институции и други овластени институции. „Согласно измените на заклучоците, потписник на...

Пет милиони евра се одлеале од институциите за склучување авторски договори во последниве 4 години

Генералниот секретаријат на Владата исплатил најмалку 2,4 милиони евра, од 2017 година, до крајот на 2021 година за авторски договори. Парите им се исплатувале на лица за да присуствуваат на владини седници и да креираат записници, да учествуваат на состаноци, да креираат содржини за веб-страницата или да даваат редовни консултации. Антикорупциската комисија смета дека е прекршен законот, односно за...

Национален младински совет на Македонија против „најавената деградација“ на Агенција за млади и спорт

Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) со отворено писмо се обрати до Владата на Република Северна Македонија “изразувајќи длабока загриженост, незадоволство и разочараност во врска со најавената реорганизација на органите на државната управа“, со која се предвидува спуштање на Агенцијата за млади и спорт (АМС) на пониско ниво. „Со предложената реорганизација, Агенцијата за млади и спорт од досегашниот статус на...

Од полноќ поскапуваат храната и горивото, Владата не ги продолжи антикризните мерки

Од полноќ истекува важноста на мерките коишто беа донесени во март за ублажување на ефектите од економската криза. Откако на денешната владина седница не стана збор за продолжување на антикризните мерки, се отвара простор за вртоглав раст на цените на храната и горивото поради порастот на акцизите и ДДВ-то, објави Дојче Веле на македонски јазик. Според информациите од Владата, засега...

Граѓаните ќе може да инсталираат фотоволтаици на крововите

Во изработка е законско решение согласно кое ќе се олеснат условите и поедностават постапките за инсталирање на фотоволтаици на крововите на граѓаните. Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање за законските измени за енергетика. Тој рече дека тоа законско решение ќе се најде пред пратениците во текот на следниот квартал. Ковачевски посочи дека правилата за приклучување кои...

Укинати анти-ковид мерките, со маска само во аптека, амбуланта и во дом за стари лица

Владата на денешната редовна седница ги прифати предлозите на Главниот координативен кризен штаб утврдени според препораките на Комисијата за заразни болести. Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки освен задолжителното носење заштитни маски во здравствените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост. „Владата ги реафирмира препораките за...

Ќе важат ли покачените стипендии за сите ученици и студенти од септември?

Студентски дом Гоце Делчев
Со лавина реакции, онлајн петиција и утврдена дискриминација се соочи Министерството за образование и наука (МОН) по зголемувањето на стипендиите само за дел од учениците и студентите. Наместо пофалба за зголемените износи, државната политика на стипендирање изминава година беше „поздравена“ со обвинувања и револт меѓу студентите и учениците и утврдена индиректна дискриминација од страна на Комисијата за спречување и...

Црна Гора доби нова Влада, Дритан Абазовиќ е новиот премиер

Со гласовите на 45 пратеници, за премиер на 43-тата Влада на Црна Гора е избран Дритан Абазовиќ. Новата влада ја поддржаа пратениците на ДПС на Мило Ѓукановиќ, иако не учествуваат со свои министри во неа. Пратениците од досегашната влада блиски до досегашниот премиер Здравко Кривокапиќ не присуствуваа на седницата, а против новата влада беа само пратениците на социјалдемократите, пишува...

Мицкоски со ултиматум за предвремени избори, Ковачевски вели дека не прифаќа уцени

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски му даде рок на премиерот Димитар Ковачевски до 10 мај да се изјасни дали ќе одговори на повикот за средба на која ќе договорат предвремени избори.  Во спротивно лидерот на најголемата опозициска партија се закани, со како што рече, „сериозни и досега непреземени чекори“. Мицкоски предложи и четири тима од ВМРО-ДПМНЕ да работат со тимови...

Учениците и денеска немаат настава, штрајкувачите одбија зголемување на платата за 2.500 денари

Синдикатот за образование, наука и култура одлучи да го продолжи штрајкот во дејноста образование и детска заштита откако не ја прифатија понудата на Владата да им се зголемат платите на наставниците и воспитувачите за 10 отсто. Мнозинството ученици во државата, шести ден по ред не се на настава, а по последната одлука за продолжување на штрајкот реагираа од Владата,...

Со навремени мерки до зголемено домашно производство на храна

Со усвоениот сет мерки, како и со интервентниот фонд и со „Националниот план за производство на храна“, се дава силна поддршка и помош на земјоделците и на граѓаните, соопштуваат во Владата. Во соопштението испратено до јавноста стои дека Владата прави максимални напори во услови на една од најголемите светски кризи во поновата историја, да го зголеми домашното производство на...

Владата наложи буџетските корисници да ги преполоват трошоците за репрезентација, службени возила, спонзорства и реклами

Како дополнување на 26-те антикризни мерки, Владата на 28-та седница усвои таргетирани мерки и препораки за намалување на трошоците во јавниот сектор, информираат од владината прес-служба. Со овие мерки сите буџетски корисници и единки корисници се задолжени да ги намалат расходите за стоки и услуги за 10 отсто и да достават соодветен предлог за рационализација на трошоците до Министерството за...

Основните прехранбени продукти ослободени од ДДВ, намалена и акцизата за горивата

Собранието на С. Македонија доцна синоќа ги усвои измените на Законот за додадена вредност и Законот за акцизите. Со оваа одлука од  данок на додадена вредност се ослободуваат лебот, шеќерот, белото брашно, маслото за јадење, јајцата и оризот, додека за горивата ДДВ-то се намалува од 18 на 10 отсто. Пратениците ја намалија и акцизата на сите видови горива од...

Влада: Пад на цените на горивата за преку 10 денари по литар преку намалување на акцизите и ДДВ

Со дел од 26-те мерки за заштита на животниот стандард и ликвидноста на компаниите, како и мерките за финансиска поддршка на деловните субјекти, цената на дизел горивото наместо 85,5 денари, колку што изнесува сега, ќе се намали за 10,5 денари и треба да изнесува 75 денари, додека бензинот наместо 91,5 денари ќе се намали околу 11,5 денари и треба...

Владата смирува: Има стокови резерви, денарот останува стабилен

Република Северна Македонија има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви, граѓаните да бидат смирени не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи, соопшти денес Владата уверувајќи дека државните институции ја следат состојбата на дневна основа и ги преземаат сите мерки за да се зачува стандардот на граѓаните. „Во моментот нема потреба да се стават во...

Владата забрани влез на руски авиони на македонско небо

Владата на Република Северна Македонија на денешната 18-та седница донесе одлука да се приклучи на препораките на ЕУ и на земјите членки кои веќе донесоа таква одлука, да воведе забрана за влез во воздушниот простор на територијата на Северна Македонија за авио компании од Руската Федерација. Од оваа одлука се изземаат хуманитарните и летовите кои се во случаи на итност. Владата...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...