Имаме позиција за јасно и недвосмислено прифаќање на македонскиот јазик. Како и протоколот да не биде во преговарачката рамка, рече премиерот Димитар Коваевски на денешната прес конференција, по средбата со партнерите од владината коалиција на која се дискутираше за францускиот предлог за преговарачката рамка на Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ.
„Денешниот состанок е прв од низата средби преку кој го водиме широкиот консултативниот предлог. Разговаравме со детали имајќи ја предвид нашата позиција и цел, членството во ЕУ“ рече Ковачевски.
Тој нагласи дека позицијата во која сме денес е далеку подобра и дека предлогот ги инкорпорира забелешките и ставовите.
„Предлогот е солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став. Сите лажни тврдења во различни форми потонаа, го штитевме македонскиот интерес и идентитет. Во европскиот предлог има позиции за целосно прифаќање на македонскиот јазик, како и протоколот да не биде во преговарачката рамка. Нашата позиција за почнување на преговорите и Првата меѓувладина конференција е инкорпориран во предлогот доставен кај нас“, рече премиерот.
Ковачевски истакна дека коалиционите партнери ветиле дека ќе се изборат да ги задржат клучните црвени линии кои со месеци биле повторувани.
„Како Влада доследно се држевме до државните позиции во однос на преговорите со Бугарија, во секој поглед, го штитевме националниот интерес и македонскиот национален идентитет“, порача Ковачевски.
Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, кој исто така одговараше на прашања на денешната прес конференција, истакна дека е исполнето барањето да ги нема историските прашања во преговарачката рамка и рече дека Првата меѓувладина конференција, на која што ќе се разговара за понатамошните чекори, ќе биде свикана кога ќе има согласност за преговарачката рамка.
„Ние и досега видовме дека Европската Комисија уште во 2009 ги воведе добрососедските односи како постојани критиериуми и сите договори што се наоѓаат услов за нивно исполнување. Ние имаме гаранција дека тоа што сме го прифатиле и ратификувале во нашето собрание ќе го исполниме, ништо повеќе од тоа“, рече Маричиќ.
Денес се огласи и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен. Таа на Твитер напиша дека Европската комисија е спремна да го почне скринингот за Македонија и Албанија на нивниот европски пат.
Good phone call with PM @DKovachevski
Welcome news that 🇲🇰 and 🇧🇬, with support of France, are close to an agreement which takes into account interests & concerns.@EU_Commission is ready to start the screening process for 🇲🇰 and 🇦🇱, the next step on their European path.
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) July 1, 2022
„Имав добар телефонски разговори со премиерот Ковачевски. Ги поздравувам вестите дека Северна Македонија и Бугарија се блиску до договор кој ги зема предвид интересите и грижите“, напиша Фон дер Лајен.