fbpx

Ковачевски: Предвремени избори нема да ги решат проблемите, го затвораме ова прашање

-

Денеска заклучивме дека предвремени избори нема да ги прешат проблемите, па затоа го затвораме ова прашање. Следни парламентарни избори ќе има во 2024 година, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, по средбата со владината коалиција. Тој кажа дека уцените за предвремени избори ги оценува како неразумни и против интересите на граѓаните.

„Повод за средбата беше реафирмација на стратешките приоритети за справување со последиците од глобалната криза. Одговорни политички субјекти се водат од интересите на граѓаните. Денес потпишавме декларација за обезбедување стабилност на граѓаните, целта на декларацијата е да даде гаранција за прилагодување на политиките на неопходноста од справување со кризата. Оттука заклучивме дека предвремени избори нема да ги прешат проблемите, затоа го затвораме ова прашање“, рече Ковачевски.

На новинарско прашање за францускиот предлог и за тоа дали Владата го анализирала предлогот, Ковачевски кажа дека МНР согласно своите надлежности ќе имаат увид во предлогот, по што ќе се произнесе.

„Најискусните дипломати и експерти прават анализи на овие документи, но нема да го коментираме и нема да биде предмет на дискусија зашто тоа не е предлог кој е усогласен од страна на сите 26 земји членки на ЕУ. Ние го следиме развојот на настаните во собранието во Бугарија и ако таму овој предлог биде усвоен и кога ќе биде доставен официјално до нас, тогаш тој ќе биде предмет на анализа во детали“ рече Ковачевски.

Коалиционите партнери разговарале и за мерките и поддршката за зголемување на стандардот на граѓаните во овој период на најголема економска криза како и политиките поврзани со евроинтеграциите.

„Владата донесе мерки во вредност од две милијарди евра во корона кризата. Јас ги предлагав како заменик министер за финансии во тоа време, тогаш кога се носеше најважниот пакет антикризни мерки. И лани имаше намалување на ДДВ-то за електрична енергија. И годинава во март донесовме 26 антикризни мерки во однос со справување со енергетската криза и мерки за храната како резултат на војната во Украина. Сега имаме ребаланс на буџетот“, рече Ковачевски.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...