fbpx

Вистиномер: Во вакцината на „Новавакс“ нема животинска ДНК

-

Вакцината против ковид-19 на „Новавакс“, содржи протеин создаден од клетки на молец плус состојка од кора од дрво, којашто е додадена за да се зголеми имуниот одговор. Кога вашиот имун систем ќе се сретне со спајк протеинот, создава антитела против коронавирусот и вака се создава заштита против инфекција со ковид-19. Оваа вакцина не содржи ни жив, ни инактивиран вирус. Во вакцината на „Новавакс“, за разлика од мРНК вакцините, спајк протеинот е веќе однапред направен со шорткат, сета синтеза се случува надвор од телото, а на пациентите само им се дава крајниот производ, односно спајк протеинот, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се вели дека вакцината против коронавирусот на „Новавакс“, ќе испорача ДНК на молец во човечкиот геном.

Новото биооружје Novavax ќе испорача ДНК на молец во човечкиот геном и отров од кората на дрвјата, се вели во објвата.

Во постот новата вакцина на „Новавакс“, е наречена биолошко оружје. Понатаму, споделени се скриншотови од текст од неименуван извор, според кој доктор Џејн Руби кажал дека Новавакс вакцината е направена од генетски материјал на молци и е опасна. Според постот наводно вклучена била и употреба на токсини од кората на дрвјата.

Според проверувачите на факти на агенцијата „Франс Прес“, во вакцината на „Новавакс“, нема животинска ДНК. Професорот Јунг Јае Хун, од Универзитетот Гачон, за „Франс Прес“ изјавил дека не постои можност вакцината на „Новавакс“ да содржи каква било форма на ДНК.

Клетки од инсекти е можно да се користат за да се создаде спајк протеинот, но овие клетки се отстранети за време на производствениот процес, вели Јунг.

Вакцината е произведена со вметнување на генетски инструкции во различен вирус, кој потоа се користи за да инфицира клетки на молец. Клетките потоа се прочистени за да се произведат вакцините. Сите нуклеидни киселини од молецот се отстранети (ДНК или РНК) за време на овој процес на прочистување, рекол за „Франс Прес“ професорот Ким Воо Јоо, експерт за инфективни болести од Универзитетот Кореа.

Новавакс создаде четврта вакцина против ковид-19, коистејќи клетки од молец и кора од дрво. Наместо вакцина со мРНК како таа на „Фајзер“ или на „Модерна“, или вакцина со вирален вектор како таа на „Џонсон и Џонсон“, Новавакс е вакцина со протеинска подединица.

Експертот за инфективни болести, Дијана Флореску, што го водеше третиот дел од клиничкото тестирање за вакцината на „Новавакс“ на Универзитетот Небраска, истакнува дека диверзитетот во вакциналното производство го зголемува бројот на пациенти кои ќе бидат вакцинирани, поради тоа што некои од нив кои нема да ги прифатат мРНК вакцините, или пак, се алергични на некои супстанци, ќе може да ја примат вакцината на „Новавакс“.

На пример, некои луѓе се алергични на полуетилен гликол, состојка во мРНК вакцината на „Фајзер“ и „Модерна“. Во „Новавакс“ таа состојка ја нема.

 

Како функционира вакцината на Новавакс?

Вакцината против ковид-19 на „Новавакс“, содржи протеин создаден од клетки на молец плус состојка од кора од дрво, којашто е додадена за да се зголеми имуниот одговор .

Кога вашиот имун систем ќе се сретне со спајк протеинот, создава антитела против коронавирусот и вака се создава заштита против инфекција со ковид-19.

Во вакцината на „Новавакс“, за разлика од мРНК вакцините, спајк протеинот е веќе однапред направен со шорткат, објасни доктор Флореску додавајќи дека сета синтеза се случува надвор од телото, а на пациентите само им се дава крајниот производ, односно спајк протеинот.

Како и другите вакцини против ковид-19, „Новавакс“ не предизвикува инфекција против ковид-19 и од вакцината не може да се разболите од ковид. Оваа вакцина не содржи ни жив ни инактивиран вирус.

Методот на „Новавакс“, користи клетки од молец за да се создадат спајк протеините. Истражувачите ги одбрале посакуваните гени кои креираат антигени, односно спајк протеини на Сарс Ков 2. Потоа тие гени се ставаат во вирус од инсект, бакуловирус. Бакуловирусот потоа инфицира клетки од молец и се реплицира во нив. Овие клетки од молец создаваат голем број спајк протеини. Истражувачите ги екстрахираат и ги чистат овие спајк протеини. „Новавакс“ вакцината нема генетски матетеријал, туку само протеини. Оваа вакцинална технологија е потрадиционална и многу слична на онаа на вакцината базирана на протеини против инфлуенца.

 

Што прави екстрактот од кората во дрвjaта?

Oваа состојка го засилува имуниот одговор на вакцината. Во оваа вакцина екстрактот од кора од дрво прави да се постигне имунитет со помала доза од спајк протеинот. Екстрактот од кората на дрвото, наречен куилаја сапонариа ги охрабрува имуните клетки да се активираат, генерирајќи попотентен имун одговор.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина дека вакцината против ковид-19 на „Новавакс“, испорачува ДНК на молец во човековото тело. Во вакцината на „Новавакс“ нема животинска ДНК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...