четврток, 21 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: економска криза | 23 резултати

МФ: Земјава го задржа кредитниот рејтинг на „Фич’ „ББ+“ со негативен изглед

октомври 29, 2022

Република Северна Македонија го задржа кредитниот рејтинг „ББ+“ со негативен изглед кој е резултат на спроведувањето добри политики на владеење, кредибилна и кохерентна макроекономска и финансиска политика конзистентна со долго одржуваниот фиксен девизен курс, соопшти Министерството за финансии (МФ). „Фич“ во извештајот наведува дека почетокот на интегративниот процес со ЕУ ќе ја зацврсти политиката, ќе […]

Новиот британски премиер Риши Сунак најави дека ќе се носат тешки одлуки

октомври 25, 2022

Во својот прв говор како премиер на Обединетото Кралство (ОК), Риши Сунак, кој на позицијата дојде по само 49-дневен мандат на неговата претходничка Лиз Трас, денеска предупреди дека ќе се носат „тешки одлуки“ од неговата влада која треба да се справува со „длабоката економска криза“, пренесе Би-Би-Си. Сунак зборуваше пред kДаунинг Стрит 10 веднаш откако […]

Новата британска премиерка Лиз Трас ја презема функцијата соочувајќи се „Путиновата“ енергетска криза

септември 6, 2022

Лиз Трас стана новa британскa премиеркa по поканата од кралицата Елизабета Втора на состанокот во Балморал, Шкотска, на 6 септември. Таа се соочува со предизвици кои вклучуваат енергетска криза и одржување на поддршката од јавноста за силниот одговор на Западот на руската инвазија на Украина, пренесе РСЕ на англиски јазик. Таа посочи дека еден од […]

На Самитот „Отворен Балкан“ во Белград договорено меѓусебно помагање при недостиг на храна

септември 2, 2022

Лидерскиот Самит „Отворен Балкан“ денеска се одржува во Белград, а свои обраќања на настанот имаа македонскиот премиер Димитар Ковачевски, српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама. Премиерот Ковачевски зборуваше за важноста на регионалната соработка на патот кон Европската Унија, особено во услови на светски превирања и економско-енергетска криза. „И денес, оваа соработка на […]

Падна власта во Шри Ланка, демонстрантите влегоа во претседателската резиденција и се капеа во базенот

јули 9, 2022

Илјадници демонстранти денеска упаднаа во резиденцијата на претседателот на Шри Ланка во Коломбо, и покрај полицијата која ја чуваше резиденцијата. Полицијата и војската што ја чуваше резиденцијата фрлаше солзавец и пукаше во воздух како предупредување, но масата навлезе во резиденцијата. Претседателот Готабака Раџашалса најверојатно не бил во резиденцијата и со месеци се наоѓа на друго […]

Ковачевски: Предвремени избори нема да ги решат проблемите, го затвораме ова прашање

јуни 19, 2022

Денеска заклучивме дека предвремени избори нема да ги прешат проблемите, па затоа го затвораме ова прашање. Следни парламентарни избори ќе има во 2024 година, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, по средбата со владината коалиција. Тој кажа дека уцените за предвремени избори ги оценува како неразумни и против интересите на граѓаните. „Повод за средбата беше реафирмација […]

Ковачевски: Пакетот од 26 мерки, вреден 400 милиони евра е за поддршка на граѓаните и компаниите

март 12, 2022

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во своето обраќање до јавноста истакна дека најновиот пакет од 26 мерки, вреден 400 милиони евра, кој Владата го донесе, има цел да ги заштити граѓаните и стопанството од економската криза со која се соочуваме, како последица од војната во Украина. „Економските текови се неизвесни […]

(Видео) Се укинува ДДВ-то за основните прехрамбени продукти

март 9, 2022

Премиерот Димитар Ковачевски на прес конференција презентираше 26 мерки кои се поделени во две категории меѓу кои е предвидено намалување на ДДВ-то, се воведува маржа, се намалува акцизата за поевтини горива. Владата предвидува и субвенции за струја, како и ваучери за загрозени категории граѓани и пензионери. Има и кредити за инвестирање на компаниите во проекти […]

Ковачевски: Земјава е безбедна, бараме итен прекин на воените дејствија

февруари 26, 2022

Воената агресија на Русија против Украина која веќе однесе многу човечки животи е чин кој силно го осудуваме. Тоа е кршење на меѓународното право и е закана за евроатланската безбедност. Уште еднаш сакам да посочам дека заедно со сојузниците бараме итен прекин на воените дејствија. 21-иот век треба да е век на дијалог, не на […]

Порталб анализа: Економски настани во 2020 – збогум за економски најтешката година!

декември 28, 2020

Рецесија – како последица на економската криза. Вртоглав пад на извозот, увозот, индустриското производство. Буџетските приходи се стопија, расходите се зголемија, се бараат пари дома и во странство за покривање на трошоците што ги предизвика ковид-19. Јавниот долг достигна историски највисока стапка, над 50 отсто од БДП. Во 2020, по 13 години без банкроти, се […]

Под притисок на корона кризата, македонската економија отиде во минус од 12,7 отсто

септември 7, 2020

Домашната економија продолжува да ги бележи негативните последици од корона пандемијата. После падот на бруто домашниот производ (БДП) од минимални 0,2 отсто во првото тримесечје од годинава, Државниот завод за статистика денеска објави дека намалувањето на БДП во второто тримесечје изнесува минус 12,7 отсто, што беше очекувано ако се има предвид дека првите три месеци […]

Занаетчиите и транспортерите бараат дополнителни мерки за помош од владата

март 30, 2020

Предлози за усвојување на нови мерки до владата испратија занаетчиите и транспортерите како едни од најпогодените од кризата со корона вирусот во земјава. Од Занаетчиската комора бараат ослободување од плаќање придонеси додека трае пандемијата со корона вирусот, субвенционирање на платите за сите занаетчии, ослободување од плаќањето аконтација на данокот за личен доход, како и вклучување […]

Турската централна банка презема мерки да го запре падот на лирата

август 13, 2018

Централната банка на Турција денеска порача дека е подготвена „да ги преземе сите неопходни мерки“ за да ја зачува финансиската стабилност по големиот пад на лирата во последните неколку дена. Таа вети дека на банките ќе им ја обезбеди „сета ликвидност што им е потребна“. Ефектот од оваа најава среде растечкиот дипломатски спор со САД, […]

Грчкото собрание одобри нов пакет мерки за штедење

мај 19, 2017

Со 153 гласа „за“, грчкото собрание го одобри новиот пакет мерки договорен со меѓународните кредитори, со што се отвора пат за исплаќање на новата рата од грчкиот кредит. Против мерките беа 128 пратеници од опозицијата, а пакетот, кој дел од грчките медиуми го претставуваат како четврти меморандум за штедење, го поддржаа само пратениците од владејачките […]

Грција парализирана од генерален штрајк

мај 17, 2017

Грција денеска е парализирана од работнички штрајкови против новите мерки договорени меѓу владата и меѓународните кредитори. По повикот на трите најголеми работнички синдикати ГСЕЕ, АДЕДИ и ПАМЕ, грчката јавна администрација заедно со дел од приватниот сектор денеска ги блокира улиците на Атина за да го изрази своето незадоволство од продолжувањето на строгата политика на штедење на грчката […]

Дополнително осиромашиле 75 отсто од домаќинствата во Грција

јануари 26, 2017

Средната класа во Грција полека се топи и дури 75 отсто од домаќинствата во Грција дополнително осиромашиле во текот на 2016 година поради рестрикциите во текот на изминатите години и товарот од сè поголемите даноци. Половината од Грците се подготвени да ја напуштат земјата. Овие поразителни резултати ги покажа годишното истражување на Конфедерацијата на занаетчиите и на трговците […]

Кризата го намалила богаството и заштедите на Грците за речиси 600 милиони евра

декември 4, 2016

Секое грчко домаќинство изгубило 67.703 евра во периодот од економската криза во последните девет години, пишува грчкиот весник „То вима“. Според анализата на весникот, домашниот бруто-производ на државата се намалил за 57 милиони евра, а вкупното богатство и имот на Грците се намалени за 587 милиони евра. Ако во 2007 година вкупната вредност на целокупниот имот и […]

Обама порача Грција да продолжи со спроведувањето на економските реформи

ноември 15, 2016

Јасна порака дека Грција мора да продолжи со реформите, а меѓународните кредитори да овозможат намалување на грчкиот долг за Грција да се движи кон економски развој, испрати американскиот претседател Барак Обама од Атина. Според информациите од владиниот кабинет, Ципрас и Обама не разговарале за спорот меѓу Македонија и Грција. Грчкиот долг и економијата биле главна […]

ЕУ нема да ја преживее следната економска криза, предупредуваат стручњаците

септември 22, 2016

Доколку креаторите на европските политики не спроведат клучни измени во монетарната политика на Европската Унија, еврото веројатно нема да ја преживее следната голема криза, предупредуваат од францускиот институт „Жак Делор“. „Европа ќе биде погодена од следна економска криза. Не знаеме кога точно ќе се случи таа, но стравуваме дека Европската монетарна унија ќе биде лошо подготвена […]

Страна 1 од 1