fbpx

Црна Гора доби нова Влада, Дритан Абазовиќ е новиот премиер

-

Со гласовите на 45 пратеници, за премиер на 43-тата Влада на Црна Гора е избран Дритан Абазовиќ. Новата влада ја поддржаа пратениците на ДПС на Мило Ѓукановиќ, иако не учествуваат со свои министри во неа. Пратениците од досегашната влада блиски до досегашниот премиер Здравко Кривокапиќ не присуствуваа на седницата, а против новата влада беа само пратениците на социјалдемократите, пишува Побједа.

Новата влада е претставена како „европска” и ќе ја замени претходната извршна власт предводена од премиерот Здравко Кривокапиќ. Абазовиќ посочи дека новата влада ќе се заснова на два главни столба – владеење на правото и економски развој, кои носат пет приоритетни линии на дејствување, и тоа: борба против корупцијата, поодржливи инвестиции, интеграција во Европската унија, одржлив развој и заштита на животната средина и афирмација на децата и младите.

Според подгоричкиот весник Вијести, Абазовиќ се осврнал на неколку говори на пратениците.

„Нагласени се неколку работи. Бев вицепремиер на 42-та Влада и горд сум на сè што направив во претходната година и половина. И повеќето од моите потези би ги повторил, да сум во ситуација. Три пати донесов тешки, но правилни одлуки“, рече Абазовиќ

Тој додаде дека 30 август 2020 година е многу важен датум во историјата, бидејќи тогаш се покажало дека гласот во Црна Гора вреди нешто и дека промената на власта не е ноќна мора.

Абазовиќ наведе дека експертската влада покажала одредени резултати, но и слабости, пред се во однос на парламентот.

Тој рече дека е подготвен да ги разгледа настаните во Цетиње, но се плаши дека доколку тоа се случи, некои во оваа сала нема да бидат задоволни што правдата дошла до нив.

„Горд сум на сето тоа, на 4 и 5 септември во Цетиње се направи сè за да се спречи крвопролевање. Најважно е што поминавме без жртви“, рече Абазовиќ додавајќи дека  не му пречи никој од ДПС, ДФ, демократите – туку луѓе кои не сакаат да се занимаваат со иднината.

„Се обидов да преговарам со сите, само Демократска Црна Гора не сакаше да преговара. Зошто го направивме ова? Не се плашиме од избори, но оваа земја не е подготвена за избори, бидејќи би потрошила ресурси и би влегла во подлабока политичка криза“, рече Абазовиќ.

Тој, нагласи дека е горд што СНП е дел од приказната, бидејќи без нив власта немаше да има многу смисла. Абазовиќ истакна дека најважно е државата да не се држи во заробеништво и дека безбедносните предизвици не се лажни мејлови, туку тоа што долгогодишниот претседател на Врховниот суд е обвинет за шверц и криминална организација.

Тој најави започнување на голема дипломатска активност на европскиот пат и верува дека Црна Гора ќе добие „брза патека“.

„Сите сте повеќе од добредојдени, со сите критики, сугестии и предлози. Да изградиме заедно европска Црна Гора, која ќе служи за чест на сите граѓани на Црна Гора“, рече Абазовиќ.

Владата предводена од Абазовиќ ќе има 18 ресори, 20 министри, од кои двајца се без ресор, како и четворица потпретседатели.

Вицепремиерка за надворешна политика, евроинтеграции и регионална соработка и министерка за европски прашања е Јована Маровиќ, вицепремиер за економски систем и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде Владимир Јоковиќ, вицепремиер задолжен за политички систем и внатрешна политика и министер за одбрана е Рашко Коњевиќ и вицепремиер задолжен за регионален развој и министер за капитални инвестиции е Ервин Ибрахимовиќ.

Министер за правда е Марко Ковач, министер за внатрешни работи Филип Аџиќ, министер за финансии е Александар Дамјановиќ, министер за надворешни работи Ранко Кривокапиќ, министер за економски развој и туризам Горан Ѓуровиќ, министер за спорт и млади Василије Лалошевиќ, министер за јавна администрација Мараш Дукај, министер за труд и социјална заштита Адмир Адровиќ, министер за образование Миомир Мијо Војиновиќ, министер за здравство Драгослав Шќекиќ, а министерка за култура и медиуми Маша Влаовиќ.

Нова министерка за екологија, просторно планирање и урбанизам е Ана Новаковиќ Ѓуровиќ, министер за човекови и малцински права е Фатмир Ѓека, министерка за наука и технолошки развој Биљана Шќепановиќ, а министри без ресор се Зоран Миљаниќ и Адријан Вуксановиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...