fbpx

Со навремени мерки до зголемено домашно производство на храна

-

Со усвоениот сет мерки, како и со интервентниот фонд и со „Националниот план за производство на храна“, се дава силна поддршка и помош на земјоделците и на граѓаните, соопштуваат во Владата. Во соопштението испратено до јавноста стои дека Владата прави максимални напори во услови на една од најголемите светски кризи во поновата историја, да го зголеми домашното производство на основни суровини на храна, но и да ги обезбеди потребните количини од увоз.

„Сите овие преземени мерки овозможуваат навремено снабдување со потребните основни суровини за производство на храна, со ѓубриво за сеидба и прихрана, семенски материјал и зелена нафта. За да го зајакнеме домашното земјоделство со пакет мерки предвидени со „Националниот план за производство на храна”, кој веќе се имплементира, ги поттикнуваме земјоделците да се насочат кон зголемено производство на стратешките земјоделски култури. Целта е со оваа поддршка да се справиме со светската, но и да станеме увозно независни со достапна и поевтина храна“, стои во владиното соопштение.

Владата ги информира земјоделците дека имаат државна помош и поддршка за производство на стратешките земјоделски суровини, како на пример сончогледот. Субвенција за хектар сончоглед е 15.000 денари. Секој што ќе произведуваа ќе добие ѓубриво од 2.500 денари од државата на неделна основа и 2.119 денари за „зелена“ нафта.

„За приноси над 1,5 тон сончоглед предвидена е дополнителна поддршка од 100 евра. Даваме силна поддршка и на договорното производство на сончоглед, што е важно за земјоделците да имаат сигурен пласман, а индустријата суровина. Ова е огромна поддршка, а целта е да ги искористиме ресурсите, зошто сега е моментот, да ги зголемиме производството и залихите за домашните преработувачки капацитети“, велат оттму.

Во Владата најавуваат дека од следната недела ќе биде отворен огласот за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп, наменето за житни култури, односно за пченица, пченка, јачмен и сончоглед. Со овој оглас се ставаат на располагање на земјоделците, вкупно 6.000 хектари плодна земја.

„Во континуирани преговори со српската влада, Република Србија дозволи извоз на 2 милиони литри масло за јадење, доволни да се покријат потребите за еден месец. Но, остануваме во постојана и интензивна комуникација со српските власти и доколку има потреба ќе се испорачуваат и дополнителни количини масло за јадење, и очекуваме нова одлука“, наведено е во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...