fbpx

Мицкоски со ултиматум за предвремени избори, Ковачевски вели дека не прифаќа уцени

-

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски му даде рок на премиерот Димитар Ковачевски до 10 мај да се изјасни дали ќе одговори на повикот за средба на која ќе договорат предвремени избори.  Во спротивно лидерот на најголемата опозициска партија се закани, со како што рече, „сериозни и досега непреземени чекори“.

Мицкоски предложи и четири тима од ВМРО-ДПМНЕ да работат со тимови во власта во меѓупериодот до изборите. За нив рече дека би работеле бесплатно и без никакви привилегии, за како што појасни, да ѝ помогнат на државата, која е пред банкрот, а е најавено ново задолжување од 900 милиони евра, за да се покријат дупки во буџетот.

Тој упати и критики за преговорите со Бугарија, за кои рече дека дека е „неприфатливо да се дозволува соседните држави да се мешаат во нашите внатрешни работи“, а критикуваше и за состојбите во здравството и штрајкот во образованието.

Премиерот Ковачевски на Фејбук му пирача на Мицковски дека нема да му ги прифати „себичните амбиции“.

„Јас кажав повеќе пати и пак ќе кажам, уцени не прифаќам. Ова е втор пат како Мицкоски се обидува да ме уценува, а добро знаеме како заврши првиот пат. Неговите себични политички амбиции мене не ме засегаат, туку интересот на граѓаните и државата. Како Влада имаме многу одговорна работа, а тоа е менаџирање на најголемата економска криза по Втората светска војна. Ниту се потребни средби за избори, ниту се потребни избори туку одговорно делување на сите политички партии. Потребно е функционално Собрание за носење закони и рационално трошење на буџетот во овие кризни времиња. Но, тоа Мицкоски очигледно не го интересира бидејќи никогаш не го интересирале граѓаните и нивните потреби, туку само неговата политичка кариера“ напиша Ковачевски.

Тој додава дека Владата нема да дозволи ваквите желби на опозицијата да значат штета по граѓаните, несигурност, трошење на огромни буџетски средства и нови кризи.

„Што се однесува до заканите за некаква радикализација, му порачувам уште еднаш дека како што не прифаќам уцени, уште помалку реагирам на закани. Деструктивноста е одлика и заштитен знак на Мицкоски и неговата партија, но тоа граѓаните го гледаат и препознаваат и таквите најави верувам дека силно ги осудуваат. Владата е стабилна и одговорно владее, а најавите на Мицкоски се одраз на немоќ и безидејност за конструктивност. Ако сакаше било што конструктивно да направи досега ВМРО-ДПМНЕ имаше можност да го направи. Наспроти тоа, тие произведуваат лажни вести, дигаат хистерија и партиски мобилизираат протести. ВМРО-ДПМНЕ прави се друго освен реална и конструктивна политичка работа “, наведе Ковачевски во Фејсбук статусот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката...