fbpx

Граѓаните ќе може да инсталираат фотоволтаици на крововите

-

Во изработка е законско решение согласно кое ќе се олеснат условите и поедностават постапките за инсталирање на фотоволтаици на крововите на граѓаните. Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање за законските измени за енергетика. Тој рече дека тоа законско решение ќе се најде пред пратениците во текот на следниот квартал.

Ковачевски посочи дека правилата за приклучување кои исто така се во надлежност на Министерството за економија и на кои се работи, при што ќе се обезбеди електрична енергија за разлика од сега да биде преземена од дистрибутерот на електрична енергија.

„Министерството за финансии веќе работи на подзаконски акт за да може да се воведе категоријата на даночен застапник при што ќе се олесни на дистрибутерот на електрична енергија да може да ја презема и да издава фактура на домаќинството кое не е даночен обврзник“, рече тој.

Премиерот информира дека дополнително во Осломеј е пуштена првата фотоволтаична централа од 10 мегавати и таму веќе се во подготовка проектите за почеток на реализација на уште две од по 50 мегавати фотоволтаични централи и уште една од 10 мегавати. Едната ќе биде во сопственост на АД ЕСМ, а другите две по 50 мегавати ќе бидат на приватни инвеститори – едниот од Бугарија, другиот од Турција кои со јавно-приватно партнерство ќе ги изградат на старите наоѓалишта во Осломеј.

„Со тие три решенија како и со зголемување на постојниот капацитет од четири киловати на шест киловати колку што е предлогот како и удвојување на капацитетот за компаниите кои сакаат да стават на своите кровови ќе се олесни постапката односно ќе имаме постапка која ќе биде идентична со постапката и процедурите во западно европските држави каде најголемиот број од нас имале можност да видат дека во најголемиот дел од покривите се инсталирани фотоволтаични централи“, рече премиерот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...