Владата наложи буџетските корисници да ги преполоват трошоците за репрезентација, службени возила, спонзорства и реклами

-

Како дополнување на 26-те антикризни мерки, Владата на 28-та седница усвои таргетирани мерки и препораки за намалување на трошоците во јавниот сектор, информираат од владината прес-служба.

Со овие мерки сите буџетски корисници и единки корисници се задолжени да ги намалат расходите за стоки и услуги за 10 отсто и да достават соодветен предлог за рационализација на трошоците до Министерството за финансии најдоцна до 21 март.

Мерките за рационализација забрануваат започнување на нови постапки за набавка на мебел и возила, освен за неопходните активности за работењето на институцијата по претходна согласност од Владата.

Владата ги задолжи сите буџетски корисници и правни лица основани од државата, за 50 отсто да ги намалат расходите за репрезентација, спонзорства и реклами, како и користење на службените возила задолжително.

Сите буџетски корисници и единки корисници добија задолжение да го намалат бројот на службени патувања и значително да се намали бројот на членови на делегации при патувања во странство.

Владата ги задолжи јавните претпријатија и АД во државна сопственост да ги намалат тековните расходи за 15 отсто и за тоа да ја известат Владата во рок од 15 дена.

Согласно оваа мерка, јавните претпријатија основани од државата и АД во државна сопственост треба ги преработат своите финансиски планови и инвестициони програми и да ја информираат Владата во рок од 15 дена.

Владата им препорачува на регулаторните тела, на единиците на локалната самоуправа, локалните јавни претпријатија и останатите установи кои се под надлежност на општините да ги следат донесените владини мерки и да преземат активности за рационализација на нивните расходи.

„Буџетските корисници и единките корисници со овие мерки се задолжени до крајот на 2022 година, а на општините, јавните претпријатија, регулаторните тела, АД во државна сопственост и останатите субјекти во јавен сектор им се препорачува да ги почитуваат донесените антикризни мерки и да се воздржат од помалку суштинските расходи“, се наведува во соопштението.

Еко-свест: Климатската криза може да се ублажи само со заедничка акција

Глобалните кризи како економската, безбедносната и климатска, кои може да го загрозат развојот на општеството, претставуваат сериозен предизвик за сите држави и заедници. Единствен начин на кој овие кризи може да...

УКИМ одбележа 76 години од основањето со награди за најдобрите студенти

Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје, најстарата високообразовна институција во земјава, денес со доделување награди на најуспешните студенти го одбележа патрониот празник - Денот на Светите Кирил и Методиј. На свеченоста се...

Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие од Струмица за злоупотреба на службена положба и овластување

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против З.Г.(56) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член...

Платформата на граѓански организации за борба против корупција со реакција врз преговарањето за „Договор Влада со Влада“

Платформата на граѓански организации за борба против корупција реагира на нетранспарентноста на процесот на преговарање на договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство во врска со...

Еко-свест: Климатската криза може да се ублажи само со заедничка акција

Глобалните кризи како економската, безбедносната и климатска, кои може да го загрозат развојот на општеството, претставуваат сериозен предизвик за сите држави и заедници. Единствен начин на кој овие кризи...