fbpx
Таг: влада

таг: влада

Владата ја ограничи маржата за трговија на пазарот на струја на најмногу 10 отсто

Mаржата на електричната енергија за сите трговски друштва и трговци поединци кои вршат трговија на пазарот со електрична енергија на големо и на мало да изнесува најмногу до 10 отсто, одлучи денес Владата на 80-та седница. Според наведеното, трговската маржа за учесниците на пазарот на електрична енергија ќе се пресметува на просечната цена на електрична енергија за МWh од Унгарската...

Не е точно дека владата го забранила терминот „македонски“ на Саемот во Белград

Тврдењата дека Владата им забранила на компаниите во Белград да го користат зборот „македонски“ ги демантираа од Владата. Оттаму, посочија дека придавката „македонски“ ја има секаде на промотивниот материјал на Саемот за храна, вино и туризам во Белград. Од фотографија која ни ја испратија директно од Саемот во Белград јасно може да се види дека на еден од постерите...

Со низа свечености се одбележува Денот на независноста на Македонија

Со низа пригодни свечености, под слоганот „Обединети во слободата“, денеска Република Северна Македонија го одбележува Денот на независноста - 8 Септември, денот кога пред 31 година државата стана независна. Како што информираат во Владата, чествувањето на овој голем празник во организација на Владата започна со положување венци свежо цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата Киро Глигоров...

Државниот завод за ревизија контра Антикорупциска: Сме извршиле многу ревизии со кои е опфатена Владата

Државниот завод за ревизија (ДЗР) реагираше на наводот од Антикорупциска комисија изнесен во дневникот на МРТ 1 вчера, дека Државниот завод за ревизија нема извршенo ревизија на Владата на РСМ. Од ДЗР наведуваат дека во изминатите 13 години се извршени низа ревизии што го опфаќаат работењето на Владата. Исто така согласно Годишната програма за работа на ДЗР за 2022 година, Владата...

Ковачевски: Ќе се произведе 25 отсто повеќе струја од лани

Премиерот Димитар Ковачевски порача дека за годинава е предвидено за 25 отсто поголемо производство на струја во однос на лани. Тој на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека Владата подолго време, уште со започнувањето на енергетската криза во последниот квартал минатата година, презела антикризни мерки во однос на електричната енергија, намалување на ДДВ-то за електричната енергија, зголемување...

Хелсиншки: Владата и ДИК сториле дискриминација врз лицата со попреченост при остварување на нивното право на глас

Владата на Република Северна Македонија и Државната изборна комисија (ДИК) сториле директна дискриминација врз лицата со попреченост при остварувањето на нивното право на глас, соопштија од Хелсиншкиот комитет за човекови права. Судот утврдил дека дискриминацијата е сторена со непреземање на дејствија за приспособување на инфраструктурата и просторот до и во дел од избирачките места, а со тоа го повредиле начелото...

Црногорскиот парламент ѝ изгласа недоверба на владата на Дритан Абазовиќ

Падна владата на црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, откако ноќеска Собранието на Црна Гора ѝ изгласа недоверба по 12-часовна расправа, пренесоа црногорските медуми. За недоверба на владата гласаа 50 пратеници од вкупно 81, меѓу кои пратениците на Демократската партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ, Демократската партија на Црна Гора на Алекса Бечиќ, Социјалдемократската партија, Социјалдемократите, Бошњачката партија, Демократскиот сојуз на Албанците...

Вистиномер: Со стари видеа лажно се прикажува падот на италијанската влада

Видеото во постот што го рецензираме претставува компилација од повеќе материјали од стари протести за различни причини и со различни барања, меѓу кои противење на зелениот ковид пасош, протести на студенти, како и протести на сопственици на ресторани. Па, наспроти тврдењето во постот, видеото не го илустрира „падот на владата во Италија“, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го...

Владата ја усвои одлуката за воведување на забрана за извоз на семе од сончоглед

Со цел најпрво да се снабди домашниот пазар односно домашните капацитети на производство на масло од сончоглед за јадење, Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја усвои одлуката за воведувањето на забрана за извоз на семе од сончоглед. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за економија, доставија Одлука за дополнување на Одлуката за ограничување на извозот...

МНР ги отфрла наводите за нови обврски со Бугарија надвор од Протоколот

Министерството за надворешни работи, во врска со појавени шпекулации во јавноста за нови взаемни документи меѓу Северна Македонија и Бугарија, информира дека со внимание го следи процесот на формирање на бугарската службена влада и развојот на внатрешните и надворешните политики, при што наведува дека охрабрува значајниот фокус што се придава на нашите билатерални односи како важен елемент и на...

Црногорската влада и СПЦ потпишаа договор, се отвора можност за веронаука во училиштата

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ денеска објави на својот профил на Телеграм дека во Подгорица е потпишан фундаменталниот договор меѓу Црна Гора и Српската православна црква (СПЦ). Утрово во Подгорица пристигнал патријархот на СПЦ Порфириј Периќ, без претходна најава и присуство на новинари. „Потпишан e oсновен договор. Едно важно прашање поставено ad acta. Продолжуваме понатаму, фокусирајќи се на подобар животен стандард...

Каде и како ќе се прославува Илинден, чествувањето започнува вечерва

И оваа година, граѓаните на Република Северна Македонија го слават националниот празник Илинден почитувајќи ги заедничките интеркултурни вредности и празнувајќи гордо, достоинствено и обединето, соопштија од Владата на РСМ. Чествувањето на денот, кога славиме 119 години од започнувањето на Илинденското востание, прогласувањето на Крушевската Република и Денот кога пред 78 години е одржано Првото заседание на АСНОМ и воспоставувањето на...

Шпанија е силен поддржувач на Северна Македонија

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски вчера со највисоки државни почести го пречека премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон, кој дојде во прва официјална посета на земјава, информира владината прес-служба. Ковачевски истакна дека му е задоволство што е домаќин на првата посета на шпански премиер во Македонија и дека оваа историска посета е симбол на речиси 30 години одлични билатерални...

Вработените во МВР ќе добијат повисоки плати за 5 отсто, одлучи Владата

Владата го задолжи министерот за внатрешни работи да ги преземе сите потребни активности за реализација на покачувањето плати во МВР во висина од 5 проценти, почнувајќи со платата од септември 2022 година, одлучија владините претставници на вчерашната 65. седница. На седницата беа усвоени повеќе одлуки. „На предлог на Министерството за образование и наука, Владата одлучи да даде согласност за бројот...

Мило Ѓукановиќ ја руши владата на Дритан Абазовиќ поради договорот со Српската православна црква

По само три месеци од нејзиното формирање, црногорската влада на премиерот Дритан Абазовиќ е на пат да го изгуби парламентарното мнозинство. Демократската партија на социјалистите (ДПС) на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ одлучи да ја прекине поддршката на владата на Абазовиќ поради напуштање на европската агенда, објави подгоричкиот весник „Побједа“. ДПС веќе нареднава недела ќе го овласти нивниот пратенички клуб да...

Владата ја проследи предлог-преговарачката рамка до Собранието, ВМРО-ДПМНЕ бара консензус за заклучоците

Владата, на денешната 59 седница, ја разгледа информацијата од Министерството за надворешни работи, за предлог-преговарачката рамка за Република Северна Македонија со ЕУ, претставена од Француското претседателство со Европската Унија. На седницата, Владата одлучи предлог-преговарачката рамка да ја проследи до Собранието на Република Северна Македонија на разгледување и донесување понатамошни заклучоци, согласно процедурите. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека ќе учествуваат во дебатата,...

Пред Владата во Скопје продолжи протестот под мотото „Ултиматум – Не благодарам“

Пред Владата во Скопје синоќа продолжи протестот под мотото „Ултиматум – Не благодарам“. Учесниците се против прифаќањето на францускиот предлог за отворање на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Според нив, негирањето на правото на самоопределување и условувањето на македонските ЕУ интеграции со прифаќањето еднострано бришење на културната и историската посебност и еднострано непризнавање на јазикот, не е...

Ковачевски: Пред нас имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки, ќе дебатираме и во парламентот

Имаме позиција за јасно и недвосмислено прифаќање на македонскиот јазик. Како и протоколот да не биде во преговарачката рамка, рече премиерот Димитар Коваевски на денешната прес конференција, по средбата со партнерите од владината коалиција на која се дискутираше за францускиот предлог за преговарачката рамка на Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ. „Денешниот состанок е прв од...

Бугарскиот парламент расправа за гласањето доверба на владата на Кирил Петков, во Софија протести

Во бугарскиот парламент денеска се расправаше за гласањето доверба на владиниот кабинет предводен од Кирил Петков. Расправата веројатно ќе продолжи до утре, а гласањето доверба би се случило в четврток. Ова е прво барање да се изгласа недоверба на владата предводена од Кирил Петков, известува mediapool.bg. Расправата течеше со многу обвинувања и кон владата и кон партиите на владејачката коалиција,...

Ковачевски: Предвремени избори нема да ги решат проблемите, го затвораме ова прашање

Денеска заклучивме дека предвремени избори нема да ги прешат проблемите, па затоа го затвораме ова прашање. Следни парламентарни избори ќе има во 2024 година, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, по средбата со владината коалиција. Тој кажа дека уцените за предвремени избори ги оценува како неразумни и против интересите на граѓаните. „Повод за средбата беше реафирмација на стратешките приоритети за справување...

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...