fbpx

Хелсиншки: Владата и ДИК сториле дискриминација врз лицата со попреченост при остварување на нивното право на глас

-

Владата на Република Северна Македонија и Државната изборна комисија (ДИК) сториле директна дискриминација врз лицата со попреченост при остварувањето на нивното право на глас, соопштија од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Судот утврдил дека дискриминацијата е сторена со непреземање на дејствија за приспособување на инфраструктурата и просторот до и во дел од избирачките места, а со тоа го повредиле начелото на соодветно приспособување. На овој начин, Владата и ДИК оневозможиле лицата со попреченост да го остварат нивното право на глас, притоа попречувајќи го нивното активно учество во политичкиот живот.

Основниот граѓански суд ја донел оваа пресуда откако Хелсиншкиот комитет во февруари поднесе тужба за заштита од дискриминација од јавен интерес. Ваквите тужби се новина во Законот за спречување и заштита од дискриминација, предвидени во членот 35.

Судот ги задолжил Владата и ДИК до распишување на следните избори, на избирачките места каде што досега не било овозможено, да се обезбеди пристапност, рамни патишта и паркинг места соодветно обележани со боја со висок контраст, да постават знаци и бројки на видно место во поголем формат со висок контраст или звучна сигнализација до избирачките места. Потоа, да обезбедат пристапност до просторијата за гласање преку поставување гелендери покрај скалилата и ѕидовите, да инсталираат пристапни рампи, рачни шини, пошироки влезови, пристапен лифт или платформи кои се на нивоа и со скалила. На крај, се задолжуваат да обезбедат пристапност во просторијата за гласање, нејзино еднакво осветлување, прераспределба на мебелот поради поголема можност за движење и поставување кутија за гласање на соодветна висина за лицата со физичка попреченост.

Судот утврдил и дека лицата со попреченост не треба да се поистоветуваат со болни и немоќни лица, кои поради нарушена здравствена состојба не се во можност физички да пристапат до избирачкото место, па оттаму, може да гласаат во домашни услови.

Од Хелсиншки додаваат дека судот го одбил нивното барање да ги задолжи тужените да направат измени на правните прописи, со образложение дека донесување или изменување на законските и подзаконските акти подлежат на посебни постапки во рамки на извршната и законодавната власт и како такви не може да бидат предмет на одлука на суд во парнична постапка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...