fbpx

МНР ги отфрла наводите за нови обврски со Бугарија надвор од Протоколот

-

Министерството за надворешни работи, во врска со појавени шпекулации во јавноста за нови взаемни документи меѓу Северна Македонија и Бугарија, информира дека со внимание го следи процесот на формирање на бугарската службена влада и развојот на внатрешните и надворешните политики, при што наведува дека охрабрува значајниот фокус што се придава на нашите билатерални односи како важен елемент и на новата Влада.

„Сите појавени информации за внатрешната поставеност, за начинот на организација, акциските планови и приоритетите на новата Влада се внатрешна работа на Република Бугарија, и тие не претставуваат резултат од меѓусебните разговори. Оттука, сакаме да ги отфрлиме сите наводи дека се подготвуваат нови обврски за двете држави надвор од договорените принципи во меѓусебниот Протокол кои значат: прво реципроцитет во рамките на преземените обврски; како и автономија на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања“, стои во соопштението на МНР.

Шефот на бугарската дипломатија Николај Милков вчера изјави дека непосредна задача на бугарското МНР во однос на билатералниот дијалог со Северна Македонија ќе биде усвојување на писмен документ, што ќе ги дефинира задачите на институциите во Бугарија со конкретно утврдени обврски.

По оваа изјава, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ и ја повика Владата да одговори што содржат новите документи од Бугарија. Пратеникот Миле Лефков обвини дека ова е дебакл на домашната дипломатија и продолжување на распродавање на националните македонски интереси.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...