fbpx

Владата ја усвои одлуката за воведување на забрана за извоз на семе од сончоглед

-

Со цел најпрво да се снабди домашниот пазар односно домашните капацитети на производство на масло од сончоглед за јадење, Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја усвои одлуката за воведувањето на забрана за извоз на семе од сончоглед.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за економија, доставија Одлука за дополнување на Одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки, со која предложија до Владата на Република Северна Македонија ограничување на извозот на нова тарифна ознака 1206 00- семе од сончоглед, вклучувајќи кршени или дробени. Рокот на примена на овој тарифен број ќе продолжи да важи до 31 декември 2022 година, како што е уредено во Одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки (,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр. 166/22), со број 41-5943/1 од 20 јули 2022.

Како што соопшти МЗШВ, причината за дополнување на Одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки со тарифната ознака 1206 00- семе од сончоглед, вклучувајќи кршени или дробени е да се овозможи по завршување на жетвата која треба да започне во втората половина на август, најпрво да се снабди домашниот пазар односно домашните капацитети на производство на масло од сончоглед за јадење.

„Во 2022 година очекуваме производство на 11.800 тони сончоглед и имаме доволни количини за покривање на 2 месеци од домашните потреби“, истакнаа од МЗШВ додавајќи дека оваа година преку интервентната програма е обезбедена финансиска поддршка за вештачко ѓубриво за сончоглед и тоа 40% од цената или 2.500 денари по хектар како дополнителна мерка на основната финансиска поддршка по 11.000 денари на хектар без користење на сертифициран семенски материјал и по 15.000 денари на хектар со користење на сертифициран семенски материјал.

Исто така, како што кажаа од министерството, воведена е дополнителна мерка за произведен и предаден сончоглед со минимум 1.500 кг/ха во регистрирано откупно претпријатие, во износ од 5.760 ден/ха.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...