fbpx

Владата ја ограничи маржата за трговија на пазарот на струја на најмногу 10 отсто

-

Mаржата на електричната енергија за сите трговски друштва и трговци поединци кои вршат трговија на пазарот со електрична енергија на големо и на мало да изнесува најмногу до 10 отсто, одлучи денес Владата на 80-та седница.

Според наведеното, трговската маржа за учесниците на пазарот на електрична енергија ќе се пресметува на просечната цена на електрична енергија за МWh од Унгарската берза за електрична енергија (HUPX) на дневно односно часовно ниво, на цената на електрична енергија за МWh во билатералните договори и цената на електрична енергија за МWh во договорите за снабдување со електрична енергија.

Одлуката за највисоката трговска маржа на електричната енергија во висина најмногу до 10 отсто, како што најавија Влада, ќе се применува до 15 април 2023 година.

„Одлуката се донесува за да се заштити од нарушување домашниот пазар и да се избегне злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки и на предлог на Министерството за економија потребно е да започне да се применува пред отпочнување на грејната сезона“, навдено е во владиното соопштение.

Во опфатот на пазарот на електрична енергија се вклучени пазарот на електрична енергија на големо и пазарот на електрична енергија на мало, согласно Законот за енергетика.

Пазарот на електрична енергија на мало, како што појаснија од Влада, ја вклучува купопродажбата на електрична енергија помеѓу снабдувачите со електрична енергија и нивните потрошувачи кои не се учесници на пазарот на електрична енергија на големо.

Пазарот на електрична енергија на големо вклучува: пазар со билатерални договори, организиран пазар и тоа пазар ден однапред и пазар во тековниот ден и пазар на балансна енергија.

Учесници на пазарот на електрична енергија на големо се: производителите на електрична енергија, трговците со електрична енергија, снабдувачите со електрична енергија, потрошувачите на електрична енергија што ги исполнуваат условите за самостојно учество на пазарот пропишани во правилата за пазар на електрична енергија, операторот на електропреносниот систем, операторот на електродистрибутивниот систем, операторот на затворениот електродистрибутивен систем и операторот на пазар на електрична енергија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот...