Пендаровски: Италија со поддршка на политиката на проширување на ЕУ и неспорна поддршка за нас

-

Претседателот Стево Пендаровски денеска со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела, кој допатува во официјална посета на земјава. По тет-а-тет, односно индивидуалната средба на двајцата шефофи на држави, се се одржа и состанок на официјалните делегации на Северна Македонија и Италија, по што претседателите Пендаровски и Матарела одржаа заедничка прес-конференција.

На средбата била истакната недвосмислената поддршка од Италија за ЕУ интеграција на Северна Македонија, напомена Пендаровски.

Прес-конференцијата започна со едноминутен молк по повод смртта на суверенот на Обединетото Кралство, Нејзиното Величество Кралицата Елизабета II.

Обраќајќи се на прес-конференцијата, македонскиот претседател Пендаровски најпрвин се заблагодари на својот италијански колеги што одговорил на поканата за посета, станувајќи така, по 23 години, првиот италијански претседател што дошол во официјална посета на земјава.

„На средбата разговаравме за актуелните теми од билатералните односи и состојбите во регионот на Западниот Балкан, европските интеграции, безбедносните прашања и модалитетите за справување со последиците од економско-енергетските кризи со кои се соочува светот. Во контекст на билатералните односи, констатиравме дека економската, парламентарната и секторската соработка се развиваат по нагорна линија, за што искажавме подготвеност за нивно натамошно продлабочување“, порача македонскиот претседател.

Тој се заблагодари на искажаната поддршка за ЕУ-интегративниот процес на земјава што ја добил од претседателот на Италија, Серџо Матарела.

„Една од клучните теми, кои ги дискутиравме беше нашиот евроинтегративен процес. Сакам јавно да ѝ се заблагодарам на Италија за поддршката на политиката на проширување на ЕУ и неспорната поддршка за нас во тој контекст. Имајќи предвид дека во претстојниот период нѐ чека напорна работа и вложување на сите национални капацитети, искуствата кои Италија е подготвена да ги сподели со нас, ќе ни бидат навистина корисни“, појасни Пендаровски.

Важна тема на дискусија биле и сегашниот партнерски однос на Македонија со ЕУ среде геополитичките предизвици.

„За време на разговорите, потенцирав дека Северна Македонија останува кредибилен партнер на Унијата во справување со актуелните геополитички и безбедносни предизвици, за што зборува и фактот за нашето 100 процентно уогласување со заедничката европска безбедносна и одбранбена политика на Унијата. Како сојузници во НАТО, со претседателот Матарела, разменивме мислења и информации за војната во Украина и го реафирмиравме повикот за итно запирање на руската агресија врз една суверена држава“, рече македонскиот претседател.

Претседателот Пендаровски кажа дека побарал поддршка од италијанскиот претседател во справување со последиците од енергетската криза, односно, на земјава да ѝ се овозможи пристап до механизмите и инструментите на Унијата за ублажување на негативниот ефект од енергетската криза врз нашите држави.

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

За справување со пожарите и поплавите итно ни треба Национален план за адаптација

Македонија, како држава која нема финансиски средства да се справи со поплавите и пожарите, мора итно да изработи Национален план за адаптација кој ќе помогне да се организираат и координираат мерки...

Линеарното покачување на пензиите бара повисоки даноци и работен век до 67 години и за мажи и за жени

Линеарното покачување на пензиите од 5.000 денари, 2.500 денари во октомври и уште 2.500 денари во март в година, на долг рок ќе ја наруши одржливоста на Фондот за пензиско и...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината...