недела, 7 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: официјална посета | 34 резултати

Мицкоски не гледа причина зошто да се сретне со германскиот пратеник Михаел Рот

13 септември 2023

Откако германскиот пратеник и претседавач со Комитетот за надворешна политика на Бундестагот Михаил Рот не се сретна со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска опозицискиот лидер изјави дека никаде не пишувало оти треба да се сретне со сите што доаѓаат во земјава. „А зошто да имам средба со Рот? Каде пишува дека морам да имам […]

Пендаровски – Павел: Безбедноста на Западен Балкан зависи од европската перспектива

29 август 2023

Со чешкиот претседател Петр Павел сме согласни дека стабилноста и безбедноста на Западниот Балкан, како и неговиот демократски развој, зависат од неговата европска перспектива, изјави претседателот Стево Пендаровски, на заедничката прес-конференција со чешкиот претседател. Пендаровски денеска и утре престојува во официјална посета на Република Чешка. „Тоа е причина повеќе Европската Унија да го зголеми своето […]

Министерска тројка од ЕУ во посета на Скопје: Без уставни измени, ви се заканува изолација

13 јули 2023

Со единствена цел, заокружување на процесот на уставни измени, во Скопје пристигнаа тројца министри на три земји членки на ЕУ. Шефовите на австриската, чешката и словачката дипломатија, ополномоштени и од високиот претставник за надворешни работи на Европската Унија, Жозеп Борел, денеска имаа средби со претставници на власта и на опозицијата, а со цел да се […]

Османи-Курти: Правата на заедниците се клучни за стабилноста во Косово и во регионот

26 мај 2023

Заштитата на правата на сите заедници е од фундаментално значење за стабилноста во Косово и поширокиот регион, истакна Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, по денешната официјална средба со премиерот Албин Курти во Приштина. Во фокусот на разговорите беа и младите, за кои Османи рече дека ќе бидат клучни во спроведувањето […]

Османи во Украина: Русија да ја прекине оваа војна и да се врати на принципите и вредностите на ОБСЕ

16 јануари 2023

Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, денеска за време на посетата на Украина оствари работни средби со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба. Османи ја осуди руската агресија врз Украина и потенцираше дека нападите врз цивилни цели немаат никакво оправдување. Османи го осуди последниот напад […]

Османи во посета на Украина: Мора да запре агресијата врз украинскиот народ

16 јануари 2023

Претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи, во рамки на денешната посета на Украина, го посети градот Бородјанка во Кијивската област, кој е силно погоден од воените дејствија. Османи на почетокот од посетата изрази жалење за сите невини жртви и илјадници Украинци кои мораа да ги напуштат своите домови за да ги избегнат разорувачките последици од руската […]

Штајнмаер и Пендаровски во Чаршија јадеа баклава, пиеја чај и видоа како се прави филигран

30 ноември 2022

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер денеска ја посетија Старата скопска чаршија, како културно-историски дел од Скопје и симбол на македонското мултиетничко општество. Германскиот претседател втор ден е во официјална посета на земјава. Претседателите прошетаа низ Чаршијата, посетија работилница за филигран и се запознаа со начинот на изработка на уникатен […]

Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Сер Стјуарт Пич во посета на земјава

26 октомври 2022

Како дел од тековната посветеност на Обединетото Кралство на стабилноста и просперитетот во регионот на Западен Балкан, денеска и утре во земјава доаѓа во посета Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Сер Стјуарт Пич, информираат од Британската амбасада во Скопје. За време на посетата на Северна Македонија, Сер Стјуарт ќе има можност да […]

Пендаровски: Италија со поддршка на политиката на проширување на ЕУ и неспорна поддршка за нас

9 септември 2022

Претседателот Стево Пендаровски денеска со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела, кој допатува во официјална посета на земјава. По тет-а-тет, односно индивидуалната средба на двајцата шефофи на држави, се се одржа и состанок на официјалните делегации на Северна Македонија и Италија, по што претседателите Пендаровски и Матарела одржаа […]

Шолц: Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е наш стратешки интерес

19 мај 2022

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска на пленарната седница на Бундестагот, на која присуствува и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, изјави дека пред состанокот на Европскиот совет предвиден за идниот месец ќе отпатува за Западен Балкан, за да ја пренесе пораката дека иднината на регионот е во Европската унија. Шолц пред пратениците […]

Специјалниот претставник на Обединетото Кралство во дводневна посета на земјава

31 јануари 2022

Сер Стјуарт Пич, Специјалниот претставник на Обединетото Кралство денеска и утре ќе дојде во посета на Северна Македонија за да се сретне со високи државни функционери, по што ќе ја посети и Бугарија, како дел од континуираната посветеност на Обединетото Кралство на стабилноста и просперитетот во регионот на Западниот Балкан, информираат од Амбасадата на Обединетото […]

Посебен сообраќаен режим во Скопје на 10,11 и 12 јануари

9 јануари 2022

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги известува граѓаните на Скопје дека на 10, 11 и 12 јануари 2022 година (понеделник, вторник и среда) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Претседателот на Република Албанија, Илир Мета. МВР во наведените денови ќе преземе мерки за посебен сообраќаен режим на сообраќајниците на поширокото централно подрачје […]

Началникот на генералштабот Васко Ѓурчиновски во дводневна работна посета на Косово

7 октомври 2021

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска и утре ќе престојува во дводневна работна посета на Косово, информираат од Генералштабот на Армијата на Северна Македонија. Генералот Ѓурчиновски во текот на денешниот ден ќе ја реализира редовната годишна средба со командантот на мисијата КФОР, генерал-мајор Франко Федеричи, по што ќе ја посети и регионалната […]

Пендаровски: Имплементацијата на Преспанскиот договор е клучна за севкупен напредок во билатералните односи

5 октомври 2021

Претседателот Стево Пендаровски е во официјална посета на Грција, каде што оствари средби со претседателката Катерина Сакеларопулу и премиерот Киријакос Мицотакис. „Остварив средби со претседателката и со премиерот. Најважно од двете средби да издвојам е дека двете страни искажаа дека Преспанскиот договор ќе го почитуваат, дека важи и дека сакаат целосно почитување. Јас потенцирав дека […]

Претседателот Пендаровски дводневната посета на Грција ја почна со средба со грчката колешка Сакеларопулу

5 октомври 2021

Својата дводневна посета на Грција претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски ја зпочна претпладнево, со положување венец пред Споменикот на незнајниот војник на платото пред грчкиот парламент. Тој потоа пред Претседателската палата во Атина, на официјална церемонија со државни и воени почести, беше пречекан од претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу. Засега нема подетални информации што […]

Пендаровски во посета на Грција, ќе се сретне со претседателката Сакеларопулу и премиерот Мицотакис

5 октомври 2021

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски денеска ја започнува официјалната дводневна посета на Грција. Тој во Претседателската палата во Атина, ќе биде пречекан на официјална церемонија со државни и воени почести од претседателката Катерина Сакеларопулу, по што ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу претседателот Пендаровски и претседателката Сакеларопулу и пленарен состанок на делегациите на двете […]

Фон дер Лајен и Вархеји утре и задутре во Скопје, ќе има посебен режим на сообраќај

27 септември 2021

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји утре и задутре ќе пристигнат во официјална посета на земјава. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 28.09.2021 (вторник) и 29.09.2021(среда) Секторот за внатрешни работи Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје […]

Пендаровски во посета на Загреб: Претседателот Милановиќ ја потврди поддршката за евроинтеграција на земјава

30 јуни 2021

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денеска ја започна дводневната официјална посета на Хрватска. Тој во Загреб со државни и воени почести беше пречекан од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, информираат од Кабинетот на Претседателот на РСМ. По тет-а-тет средбата на претседателот Пендаровски со претседателот Милановиќ, делегациите на Република Северна Македонија и Република […]

Заев, Димитров и Османи денеска во Софија, од таму вчера повторно задува студен ветар

17 јуни 2021

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за европски интеграции Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска се во официјална посета на Бугарија, и во Софија ќе разговараат со бугарскиот претседател Румен Радев, со техничкиот премиер Стефан Јанев, но и со претставници на поголемите политички партии во Бугарија, која за неполн месец ќе одржи парламентарни […]

Четири хеликоптери од руско производство на АРМ и МВР ќе се модернизираат во Чешка

11 мај 2021

Министерот за одбрана на Чешката Република, Лубомир Метнар денеска е во официјална посета на Скопје, како прв министер за одбрана од земја-членка на НАТО што претстојува во македонскиот главен град по нашето зачленување во Алијансата. Заедно со министерот за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, тој го потпиша Меморандумот за разбирање […]

Страна 1 од 2