fbpx

Османи во Украина: Русија да ја прекине оваа војна и да се врати на принципите и вредностите на ОБСЕ

-

Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, денеска за време на посетата на Украина оствари работни средби со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба. Османи ја осуди руската агресија врз Украина и потенцираше дека нападите врз цивилни цели немаат никакво оправдување.

Османи го осуди последниот напад што се случи во Днипро, при што беа регистрирани десетици цивилни жртви и повредени деца и ја повика Русија да ја прекине војната и повторно да се посвети на принципите на ОБСЕ, преку дипломатски пат да се решат сите предизвици.

„Ова не е првпат да ја посетам Украина од почетокот на агресијата. Се надевав дека агресијата ќе престане и дека страдањата ќе престанат, при мојата наредна посета на Украина во својство на претседавач со ОБСЕ. Секое повторно лично сведочење на уништени домови и уништени човечки судбини предизвикува вознемиреност. Стоејќи овде како претседавач со ОБСЕ, ја повикувам Руската Федерација да ја прекине оваа војна, да ги повлече своите трупи од Украина, да се врати на принципите и вредностите на ОБСЕ и одново да се приклони кон дипломатијата“ изјави Османи по средбата со Кулеба.

Тој уште еднаш потенцираше дека фокусот и главниот приоритет на ОБСЕ годинава ќе биде Украина и повика на одговорност за сите извршени злосторства.

„Канцеларијата на Високиот Комесар за човекови права на ОН документира над 18.000 жртви од почетокот на агресијата. Вистинскиот број на загинати или повредени лица е веројатно поголем. Покрај тоа, ОН (УНХЦР) евидентираше речиси осум милиони украински бегалци низ Европа. Речиси пет милиони се внатрешно раселени. Овие бројки се шокантни. Дури и да се работи само за еден изгубен живот или уништена иднина, тоа е превисока цена за плаќање. Оние кои се одговорни за изложување на невини луѓе на застрашувачки дела, мора да одговараат“ рече Османи.

Фото: Министерство за надворешни работи (МНР)

Како претседавач со ОБСЕ, Османи рече дека организацијата ќе ги стави на располагање сите свои алатки и механизми за изнаоѓање на начин да се врати мирот во земјата и додаде оти се надева дека годинава „ќе сведочиме за враќање на мирот во Украина“.

„Откако ќе се врати мирот и Русија ќе ги повлече своите сили од суверена територија на Украина, ОБСЕ ќе го понуди својот инструментариум на алатки за да ѝ помогне на Украина да се опорави од штетите од оваа војна. ОБСЕ, за време на војната, помага преку Програмата за поддршка на Украина финансирана од донатори, но ќе направи уште повеќе кога ќе настапи мирот. Се надевам и верувам дека ќе бидам сведок на почетокот на мирот и закрепнувањето за време на нашето претседавање. Ние сме цврсто решени целосно да се ангажираме за да се случи токму тоа“ истакна Османи.

Тој рече дека е импресивна пожртвуваноста и посветеноста на претседателот Зеленски во заштитата на украинскиот народ и неговата храброст во соочувањето со предизвиците и последиците од руската агресија.

Еден од првите чекори, додаде Османи, треба да биде итното враќање на теренската мисија на ОБСЕ во Украина.

„Мисијата ќе направи голема разлика на терен за обезбедување на стабилност, безбедност и почитувањето човековите права за секој граѓанин”, порача Османи на средбата со украинскиот претседател.

 

ВМРО-ДПМНЕ и Левица со амандмани против покачување на платите на судиите и обвинителите

ВМРО-ДПМНЕ и Левица денеска со 4.500 амандмани ги блокираа четирите закони кои предвидуваат покачување на платите на судиите и јавните обвинители, како и на судскиот и обвинителскиот совет. Предлог-законите...
Free Download WordPress Themes
Download WordPress Themes Free
Download WordPress Themes
Free Download WordPress Themes
ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU=
download huawei firmware
Premium WordPress Themes Download
ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU=