fbpx

Началникот на генералштабот Васко Ѓурчиновски во дводневна работна посета на Косово

-

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска и утре ќе престојува во дводневна работна посета на Косово, информираат од Генералштабот на Армијата на Северна Македонија.

Генералот Ѓурчиновски во текот на денешниот ден ќе ја реализира редовната годишна средба со командантот на мисијата КФОР, генерал-мајор Франко Федеричи, по што ќе ја посети и регионалната команда на мисијата во Пеќ, каде е распореден нашиот контингент кој извршува задачи во склоп на мисијата, додека во текот на утрешниот ден ќе оствари средба со командантот на косовските безбедносни сили, генерал-потполковник Рахман Рама и со министерот за одбрана на Косово, Арменд Мехај.

„На средбите, кои се дел од годинашните планирани меѓународни активности на началникот на Генералштабот, ќе се разговара за нашиот придонес во склоп на мисијата КФОР, како и за актуелни прашања во рамки на меѓусебната соработка со командата на мисијата и со косовските безбедносни сили“, се наведува во соопштението на Генералштабот.

Армијата на Република Северна Македонија од ноември минатата година започна со директно учество во мисијата на НАТО -„КФОР“, при што нашите припадници во состав на вод за обезбедување извршуваат задачи во мултинационален баталјон во состав на регионалната команда-Запад, заедно со припадници од армиите на Италија и Молдавија. Штабниот елемент од контингентот извршува задачи во склоп на главната команда на КФОР во Приштина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...