fbpx

Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Сер Стјуарт Пич во посета на земјава

-

Како дел од тековната посветеност на Обединетото Кралство на стабилноста и просперитетот во регионот на Западен Балкан, денеска и утре во земјава доаѓа во посета Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Сер Стјуарт Пич, информираат од Британската амбасада во Скопје.

За време на посетата на Северна Македонија, Сер Стјуарт ќе има можност да се сретне со претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на владата Димитар Ковачевски, првиот заменик на претседателот на владата Артан Груби, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Целта на посетата е да се разговара за понатамошниот развој на силните билатерални односи меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија; да се повтори силната посветеност на Обединетото Кралство на евро-атлантската интеграција на Северна Македонија и да се потврди посветеноста на Обединетото Кралство за зајакнување на стабилноста, демократијата, владеењето на правото и справувањето со криминалот и корупцијата во земјата и регионот на Западен Балкан“, се наведува во соопштението од Британската амбасада.

Сер Стјуарт Пич има долгогодишно искуство во регионот, како поранешен началник на Одбранбениот штаб на Обединетото Кралство и претседател на Воениот комитет на НАТО, како и во својство на командант на воздухопловните сили во командата на косовските сили (КФОР) во Косово. Тој беше назначен за специјален претставник на премиерот за Западен Балкан во декември 2021 година. Северна Македонија ја посети во јануари 2022 година, а во јуни 2022 година учествуваше на Преспа форумот за дијалог (ПФД) кој се одржа во Охрид.

За време на посетата заедно со министерката за одбрана Славјанка Петровска, Сер Стјуарт ќе го посети и воениот полигон Криволак за да ја предаде донацијата од Обединетото Кралство на мобилни единици за обука во урбани услови. Овој објект во согласност со НАТО ќе ѝ овозможи на Армијата на Република Северна Македонија и партнерите во НАТО да ги развијат своите процедури за дејствување во густо населени, современи урбани средини.

„Обединетото Кралство останува близок партнер на Северна Македонија во градењето на нејзините капацитети за НАТО и ќе продолжи да ѝ помага на земјата и на Западен Балкан во одбраната и унапредувањето на каузата за мир, стабилност и просперитет во регионот“, соопштуваат од Британската амбасада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одѕивот на гласачите до 17 часот е за 9 отсто повисок од претходните претседателски избори

До 17 часот, според Државната изборна комисија, на претседателските избори гласале 397.612 лица, односно 44,18 посто од вкупниот број запишани гласачи - 1.814.317. Најголема излезност има во Општина Новаци, над...