fbpx
Таг: официјална посета

таг: официјална посета

Фон дер Лајен и Вархеји утре и задутре во Скопје, ќе има посебен режим на сообраќај

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји утре и задутре ќе пристигнат во официјална посета на земјава. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 28.09.2021 (вторник) и 29.09.2021(среда) Секторот за внатрешни работи Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. Секторот за внатрешни...

Пендаровски во посета на Загреб: Претседателот Милановиќ ја потврди поддршката за евроинтеграција на земјава

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денеска ја започна дводневната официјална посета на Хрватска. Тој во Загреб со државни и воени почести беше пречекан од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, информираат од Кабинетот на Претседателот на РСМ. По тет-а-тет средбата на претседателот Пендаровски со претседателот Милановиќ, делегациите на Република Северна Македонија и Република Хрватска одржале пленарен состанок за...

Заев, Димитров и Османи денеска во Софија, од таму вчера повторно задува студен ветар

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за европски интеграции Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска се во официјална посета на Бугарија, и во Софија ќе разговараат со бугарскиот претседател Румен Радев, со техничкиот премиер Стефан Јанев, но и со претставници на поголемите политички партии во Бугарија, која за неполн месец ќе одржи парламентарни избори. Посетата доаѓа пред...

Четири хеликоптери од руско производство на АРМ и МВР ќе се модернизираат во Чешка

Министерот за одбрана на Чешката Република, Лубомир Метнар денеска е во официјална посета на Скопје, како прв министер за одбрана од земја-членка на НАТО што претстојува во македонскиот главен град по нашето зачленување во Алијансата. Заедно со министерот за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, тој го потпиша Меморандумот за разбирање и техничка соработка меѓу...

Прв ден од посетата на претседателката на Грузија на земјава, потпишан договорот за безвизен режим

Претседателот Стево Пендаровски денеска во претседателскиот кабинет на церемонија со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, информираат од претседателскиот кабинет. Во рамки на посетата, покрај тет-а-тет средбата меѓу претседателот Пендаровски и претседателката Зурабишвили, се одржа пленарен состанок на официјалните делегации, беа потпишани Спогодба меѓу Република...

Делегација на романските вооружени сили предводена од генерал Даниел Петреску во посета на земјава

Делегацијата на Вооружените сили (ВС) на Романија, предводена од началникот на ГШ на ВС, генерал-потполковник Даниел Петреску, во рамки на еднодневната официјална посета на Република Северна Македонија, денеска престојуваше во Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, информираат од Генералштабот на македонската армија. Генералот Петреску имал прием кај својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, по што оствари средба...

Османи на средба со Ди Мајо во Рим: Има потенцијал за уште поголема економска соработка со Италија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на работната посета на Италија, оствари средба со министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италијанската Република, Луиџи ди Мајо. На средбата беа разгледани можностите за продлабочување на политичките и економските односи, вкупната билатерална соработка во сите сегменти од заеднички интерес, како и регионалните актуелни состојби и соработка. „Италија во континуитет е...

Принцот Едвард по 13 години повторно во Македонија (галерија)

Британскиот принц Едвард, грофот од Весекс, вчера пристигна во официјална посета на земјава. На аеродромот „Скопје“ беше пречекан од вицепремиерката Радмила Шекеринска, како и од британската амбасадорка во Република Северна Македонија, Рејчел Галовеј. Денеска, пак, имаше официјална средба со новиот шеф на државата, Стево Пендаровски. Принцот Едвард е најмалото дете на британската кралица Елизабета Втора. Тој во земјава претходно беше...

Захариева: Очекуваме посета на папата на Бугарија и Македонија в мај

Очекуваме посета на папата Франциск во почетокот на мај, а според моите информации, тој ќе ги посети и Бугарија и Македонија, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, во емисијата „Ова утро“ на телевизијата БТВ. - Има покана. Очекуваме в година да дојде и се надеваме на тоа. Има многу сериозни подготовки и многу голема веројатност. Го...

Бугарскиот претседател Радев во официјална посета на Македонија

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, од денеска престојува во дводневна официјална посета на Македонија, на покана на македонскиот претседател, Ѓорге Иванов. Радев денеска претпладне ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на платото пред кабинетот на претседателот Иванов, а потоа двајцата ќе имаа тет-а-тет средба. Радев и Иванов утре ќе имаат средба со претставници на стопанските комори на Македонија...

Анѓушев во официјална посета на САД

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, од денеска до четврток ќе претстојува во официјална посета на Вашингтон, соопштија од неговиот кабинет. Анѓушев во главниот град на САД ќе учествува на Трансатлантскиот форум во организација на „Школата за напредни меѓународни студии“ на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, Стопанската комора на САД и Центарот за трансатлантски односи. „За време на посетата планирано е вицепремиерот да...

Шефот на црногорската дипломатија, Срѓан Дармановиќ утре во посета на Македонија

Министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ утре ќе престојува во официјална посета на Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи. Покрај средбата со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, Дармановиќ ќе биде примен од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието, Талат Џафери и премиерот, Зоран Заев. „Во рамките на посетата се очекува да бидат разменети...

Каракачанов утре во официјална посета на Македонија

Министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, утре ќе престојува во официјална посета на Македонија и ќе има средба со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, соопштија денеска од Министерството за одбрана. Станува збор за прва официјална посета на висок бугарски функционер по потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, на 1 август оваа година во Скопје. Каракачанов и...

Заев: Со Хан в понеделник ќе ги договараме првите реформски приоритети

Премиерот Зоран Заев вчера, при посетата на Порој, одговарајќи на новинарско прашање, потврди дека в понеделник ќе ја оствари првата официјална посета на Брисел и првата средба со еврокомесарот Јоханес Хан, на која ќе се договараат првите реформски приоритети што треба да ги реализира новата влада. На првата официјална посета, премиерот ќе биде придружуван од вицепремиерот Бујар Османи, министерот...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...