Црногорската влада и СПЦ потпишаа договор, се отвора можност за веронаука во училиштата

-

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ денеска објави на својот профил на Телеграм дека во Подгорица е потпишан фундаменталниот договор меѓу Црна Гора и Српската православна црква (СПЦ). Утрово во Подгорица пристигнал патријархот на СПЦ Порфириј Периќ, без претходна најава и присуство на новинари.

„Потпишан e oсновен договор. Едно важно прашање поставено ad acta. Продолжуваме понатаму, фокусирајќи се на подобар животен стандард за граѓаните“, напиша премиерот Абазовиќ.

Договорот бил потпишан во државната вила Горица, која била под силно полициско обезбедување. Претходно пак, црногорската влада го усвоила договорот меѓу премиерот Абазовиќ и патријархот на СПЦ, Порфириj, и покрај противењето на дел од министрите и парламентарното мнозинство.

Договорот беше испратен до Синодот на СПЦ кој има седиште во Белград. Со ова, на СПЦ во Црна Гора ѝ се овозможува екстериторијалност на верските објекти, а се отвора можноста и за веронаука во државните училишта. Освен тоа, се признава шест века подолг субјективитет отколку што СПЦ има во Србија. Се даваат јавно-правни овластувања, а во некои области овозможува правен статус еднаков на државните институции.

Веднаш по потпишувањето на Договорот со СПЦ, Демократската партија на социјалистите (ДПС) на претседателот Мило Ѓукановиќ испрати барање до црногорското собрание за гласање на недоверба на владата предводена од премиерот Абазовиќ, јавува подгоричкиот весник Побједа. Седницата за гласање на недоверба на црногорската влада е предвидено да се одржи на 19 август, а предлогот за гласање на недоверба на владата го потпишаа 36 пратеници од вкупно 81 пратеник.

Обвинение за две лица по нападот врз градоначалничката Арсовска, предложен притвор за едниот осомничен

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против две лица осомничени за кривично дело „Насилство“, во врска со вчерашниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Како што соопшти Обвинителството, првоосомничениот ѝ...

Лишен од слобода малолетник во Скопје кој палел оган и горел кабли

Петнаесетгодишно момче од Скопје е приведено ноќеска поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување на општа опасност“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Инцидентот се случил по полноќ на подрачјето на Карпош, во...

Француската амбасада со остра реакција за нападот врз Арсовска

Амбасадата на Франција во Скопје остро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Во своето соопштение, Амбасадата порача дека насилството врз демократски избрани претставници е...

Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина со отпадни материи по пожарот во Визбегово

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде повеќе наредби за испитување на последиците од пожарот што се случи на 9 јули во отпад во Визбегово, а во предистражната постапка се...

Обвинение за две лица по нападот врз градоначалничката Арсовска, предложен притвор за едниот осомничен

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против две лица осомничени за кривично дело „Насилство“, во врска со вчерашниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Како што соопшти Обвинителството,...