fbpx

Ковачевски: Ќе се произведе 25 отсто повеќе струја од лани

-

Премиерот Димитар Ковачевски порача дека за годинава е предвидено за 25 отсто поголемо производство на струја во однос на лани. Тој на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека Владата подолго време, уште со започнувањето на енергетската криза во последниот квартал минатата година, презела антикризни мерки во однос на електричната енергија, намалување на ДДВ-то за електричната енергија, зголемување на производството на електрична енергија во државните капацитети.

„За оваа година производството е проектирано да биде 25 отсто поголемо во однос на минатата година и тоа се капацитети со кои располага Северна Македонија. Тоа се РЕК Битола, Осломеј, ТЕЦ Неготино, централата во рамки на ЕСМ и хидропотенцијалите, хидроелектраните со кои располага државата и обновливите извори на енергија“, рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски информираше дека за 25 проценти е зголемен планот за производство на државните капацитети и државата интервенира со финансиски средства заради набавка на суровини за производство на електрична енергија, поради зголемувањето на цената на јагленот која беше 43 евра за тон, а сега е до 93 евра.

„ЕСМ ги снабдува сите потреби без увоз на домашниот регулиран пазар, тоа значи за сите домаќинства и за сите мали потрошувачи. Седумдесет и две илјади компании во државата, кои се мали потрошувачи се снабдуваат на регулираниот пазар каде што електричната енергија е субвенционирана од страна на државата во износ од 80%“, одговори Ковачевски.

Тој додаде дека по разговори со стопанските комори ќе биде овозможено дополнителни количини на електрична енергија, кои ќе бидат под пазарните цени кои важат на берзата. На компаниите со прогласувањето на кризната состојбата ќе им биде овозможено електрична енергија од обновливи извори на енергија, како и претходниот пат да биде наменета не за регулираниот пазар туку за компаниите на отворениот пазар со што ќе добијат електрична енергија, која е под пазарната цена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...