fbpx

Започна судењето за убиството на ракометарот Денис Тот, обвинетите не се чувствуваат виновни

-

Почна судењето против тројцата обвинети за смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот кој играше за клубот Бутел. На судењето, кое го води судијката Елена Илиевска – Јосифовиќ, денеска обвинетите А.Ѓ, К.Л и А.К се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за убиство на Хрватот.

Тот почина на 8 април  на Клиниката за реанимација, анестезија и интензивно лекување КАРИЛ во Скопје откако бил нападнат во близина на дискотеката „Привилиџ“ во скопски „Градски парк“.

Основното јавно обвинителство (ОЈО) соопшти дека на Институтот за судска медицина и геонтологија била извршена обдукција врз починатото лице и според првичните наоди, иако нема видливи повреди, смртта е насилна и настапила како резултат на повреди на мозокот настанати од нанесените удари.

Според обвинителката, обвинетите по излегување од клубот се упатиле кон такси, а по нив одел и Тот кој сакал да им се придружи. Тогаш А.К излегол од таксито имал вербална расправија со ракометарот, по што излегла и К.Л, која го оттурнала ракометарот. Последен излегол А.Ѓ, кој ја тргнал К.Л и со тупаница два пати во глава го удрил Хрватот, кој паднал на асфалтот. Тогаш А.К со нога го удрил во телото, а и К.Л уште трипати во глава. Нападот го завршил А.К,  со уште една тупаница во глава. Дури и пред да се вратат во таксито, К.Л. пак се отргнала и со нога го удрила во гради сега починатиот ракометар.

По овие удари, како што кажа обвинителката од Скопското јавно обвинителство, Тот имал повеќе повреди, кои биле тешки, а како резултат на тие повреди, тој паднал во кома и бил пренесен во Ургентниот центар. Обвинителката објасни дека за настанот постојат две цедиња со снимки, каде се гледаат дејствијата на секој од обвинетите кои биле преземени.

„Како резултат на нагмечувањата во пределот на главата, како резултат на настанатата траума дошло до пореметување и прекин на активноста на мозочните неурони, кое резултирало со смртен исход“, додаде таа.

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поднесе обвинение за убиството на 27-годишниот хрватски ракометар Денис Тот и барање за продолжување на притвор за тројцата осомничени на 21 јули.

Тие се товарат за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик, според кое „Тој што друг ќе лиши од живот, ќе се казни со затвор најмалку пет години“.

Првообвинетиот А.Ѓ, по убиството шест дена беше во бегство, иако за него беше распишана меѓународна потерница.

 

„И мојот идентитет постои“ – се одржа Маршот за видливост на трансродовите лица

Под мотото „И мојот идентитет постои“, граѓани и активисти вчера попладне по петти пат во земјава маршираа за видливост на трансродовите лица. Маршот го организираше граѓанската иницијатива за заштита...
Download WordPress Themes Free
Download Premium WordPress Themes Free
Download Best WordPress Themes Free Download
Premium WordPress Themes Download
free download udemy paid course
download micromax firmware
Premium WordPress Themes Download
lynda course free download