fbpx

Хрватската амбасада пружа помош на семејството на ракометарот Денис Тот, клубовите се простуваат од колегата

-

Семејството на 27-годишниот ракометар Денис Тот, кој денес почина на Клиника за реанимација, анестезија и интензивно лекување КАРИЛ е во Скопје, потврди за Мета.мк хрватска амбасадорка Нивес Тингањ.

„Ова е голема семејна трагедија. Членови на семејството се пристигнати во Скопје. Амбасадата им пружа меѓународна правна помош. Ние сме во контакт со родителите и со докторката Маја Мојсова и правиме сè што е во наша надлежност“, рече амбасадорката.

Во врска со шпекулациите дека младиот ракометар бил претепан пред скопскиот клуб „Привилиџ“, кои прво ги објавија хрватските медиуми, амбасадорката рече дека треба да се почитуваат официјалните информации.

„Јас сум во контакт со министерот за внатрешни работи и докторката Мојсова и не е во надлежност на амбасадата да го коментира текот и резултатот на истрагата на Министерството за внатрешни работи за, за жал, починатиот ракометар. Она што ние го знаеме е дека дошло до срцев застој“, нагласи Тингањ.

Денис Тот веќе трета сезона играше во македонското првенство. Првите две години беше член на РК Охрид, а во РК Бутел почна да игра оваа сезона. Тој претходно играше и за Бјеловар, Пореч, шпански Адемар Леон и австрискиот клуб Брук.

Од Ракометниот клуб Металург, а и членовите на клубот Охрид на Фејсбук изразија искрено сочувство на семејството и на РК Бутел, за загубата на младиот Денис Тот.

За Мета.мк претседателот на РК Бутел, Влатко Тасевски изјави дека до јавноста ќе се обратат по 17 часот.

Претходно директорката на КАРИЛ, Маја Мојсова рече дека пациентот бил донесен во критична состојба, без видливи траги на насилство и без срцева активност, по што срцевата акција е вратена, но не изрази надеж дека ракометарот ќе преживее.

КАРИЛ: Хрватскиот ракометар Денис Тот е во критична состојба, но не бил претепан

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...