четврток, 14 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: тепање | 46 резултати

Гостиварка ги врзувала децата, ги навредувала и ги тепала, поднесено е обвинение

јули 14, 2023

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО-Скопје) поднесе Обвинителен акт против жителка на Гостивар со престојувалиште во Скопје за две кривични дела – Запуштање и малтретирање на дете, како и за Телесна повреда. Од април годинава, 34-годишната обвинета како родител, со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување, ги запуштила и ги […]

Полицаец вон должност и уште двајца нападнати кај скопската обиколница

март 12, 2023

МВР соопшти дека уапсило две лица по жестокиот напад ноќеска во 1 часот, на булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ во близина на клучката Радишани. Нападнати биле еден полицаец вон должност и уште две лица што биле со него во автомобилот. Според полицискиот билтен, уапсени се Н.Б. и Е.Б. Тие, заедно со уште едно лице, со […]

Бугарија го врати својот амбасадор во Скопје

јануари 31, 2023

Бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, којшто беше повлечен во Софија по инцидентот со тепањето на охриѓанецот Христијан Пендиков, се вратил во Скопје вчера, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg повикувајќи се на бугарското МНР. Од министерството велат дека Ангелов бил дел од официјалната делегација на бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев вчера и потоа останал […]

Милков: Бугарскиот амбасадор нема да се врати во Скопје набргу

јануари 26, 2023

Бугарскиот амбасадор нема да биде вратен во Скопје набргу, можно е и да бидат стопирани заеднички проекти, порача министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков во гостување утрово на државната телевизија БНТ. Тој порача дека бил неприфатлив наративот дека македонскиот Бугарин Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“, бил наркоман и […]

Започна судењето за убиството на ракометарот Денис Тот, обвинетите не се чувствуваат виновни

септември 5, 2022

Почна судењето против тројцата обвинети за смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот кој играше за клубот Бутел. На судењето, кое го води судијката Елена Илиевска – Јосифовиќ, денеска обвинетите А.Ѓ, К.Л и А.К се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за убиство на Хрватот. Тот почина на 8 април  на Клиниката за реанимација, анестезија и […]

Хелсиншки реагира на обвинението за велешанката – жртва на семејно насилство, која ќе одговара за „убиство на миг“

февруари 2, 2022

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права реагираат до Јавното обвинителство, коешто покрена обвинение за сторено кривично дело „убиство на миг“ против Пале Илиоска од Велес. Инаку, ОЈО Велес денеска извести дека 23-годишната велешанка на 29 септември лани „во семејната куќа во која живеела, доведена без своја вина во состојба на силна раздразнетост како последица на […]

Видео без проверливи факти искористено за пост со говор на омраза што може да предизвика насилство од омраза

август 26, 2020

Видео кое содржи чин на насилство, но за кое не се утврдени фактите и на чие разрешување работи МВР, беше контекстуализирано во пост на Фејсбук со невистинити тврдења, кој може да предизвика насилство од омраза, пишува Вистиномер.мк во својата проверка на вистиност на пост на Фејсбук, како дел од ексклузивната соработка на овој сервис за […]

Топалоски се премисли: Не сум видел пиштол, поради стресот сум помислил дека Нефи има пиштол

август 22, 2020

Добив удар од позади грб и поради стресот што го добив сум стекнал погрешен впечаток дека Нефи Усеини има пиштол. Ова е дел од новата изјава на охриѓанецот Спирко Топалоски, кој завчера пријави дека бил нападнат од советникот на ДУИ во општина Охрид, Нефи Усеини. Во соопштение од неговиот адвокат, Топалоски ја менува првичната изјава. […]

Момчињата од Штип кои претепаа девојка добија казна затвор од 2,5 години

април 30, 2020

Двајцата штипјани, кои целата јавност преку видео снимка ги виде како навредуваат и претепуваат девојка, денеска во Основниот суд во Штип беа осудени на казна затвор од по 2,5 години. Тие се осудени за делото „Насилство“, откако во јануари годинава, во влезот на станбена зграда претепаа 21- годишна девојка од Штип. П.Р.(23) и С.А.(26) денеска не […]

Медиуми ги плашат Грците со старо видео од мигранти кои влегуваа во Македонија во 2015 година

март 3, 2020

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од […]

Родителите на децата насилници ќе одат на советување

ноември 19, 2019

Откако „Мета“ објави фрапантни бројки за физичко, психичко и кибер насилство во училиштата меѓу учениците, прашавме во Министерството за образование и наука (МОН), дали и што преземаат за истото да се намали. Оттаму ни одговорија дека со новиот Закон за основно образование, кој е на сила од оваа учебна година, предвидена е едукација и во […]

Манчевски, Ременски и Богоевски ќе сведочат за насилството во Собранието

август 31, 2018

Судскиот процес за упадот и насилството во Собранието на 27 април 2017 година ќе продолжи денеска со сослушување на сведоците Дамјан Манчевски, Фросина Ременски, Павле Богоевски и Илија Николовски. Обвинетите се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок. Тие на претходното рочиште во Кривичниот суд кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за […]

Продолжува судењето за насилствата и упадот во Собранието на 27 април

август 24, 2018

Судењето на 33. обвинети за насилствата при упадот во Собранието на 27 април 2017 година денеска е во третото продолжение, а исто како и на вчерашното рочиште, во Основен суд Скопје 1, денеска ќе продолжи давањето воведни говори од адвокатите на обвинетите. Судскиот процес започна во средата кога воведен говор даде обвинителката Вилма Рускоска. Обвинителката […]

На 6 јуни завршни зборови во судењето за нападот на Села

мај 31, 2018

Со изнесување докази, меѓу кои една досега неприкажана снимка од нападот на пратеникот Зијадин Села при насилствата во Собранието на 27 април минатата година, денеска се одржа уште едно рочиште, а в среда судењето продолжува со изнесување завршни зборови. Обвинителот Дарко Јакимовски од судот побара повеќе време за да ги подготви завршните зборови со цел […]

Истепани кошаркари и полицајци на натпревар во Чаир

јануари 14, 2018

Навивачи на кошаркарскиот клуб „Шкупи“, вчеравечер во салата „Шабан Трстена“ во скопската населба Чаир повредиле двајца полицајци, еден кошаркар и технички раководител на клуб, а удирале и други играчи. Според СВР Скопје, инцидентот почнал во 19.20 часот, по завршување на натпреварот помеѓу кошаркарскиот клуб „Шкупи“ и кошаркарскиот клуб „Пелистер“. Од трибината каде што била навивачката […]

Обвинение против десет лица за обид за убиство на Зијадин Села на 27 април

ноември 3, 2017

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот суд Скопје 1 поднело обвиненија против десет лица за обид за убиство на Зијадин Села во Собранието на 27 април. Од Обвинителството напоменуваат дека во кривичното дело биле вклучени уште неколку лица, чиј идентитет допрва треба да се утврди. „Обвинетите, сите заедно, како и со други лица на кои […]

Поради насилствата на 27 април, суспендирани четворица вработени во МНР

октомври 20, 2017

Министерството за надворешни работи (МНР) соопшти дека суспендирало четворица вработени кои биле во Собранието на Република Македонија при упадот и бруталните насилства на 27 април годинава. Како што се вели во соопштението, за ова Министерството за внатрешни работи (МВР) доставипо известување до Основното јавно обвинителство – Скопје. „Министерството цени дека со нивните дејствија односно нивното […]

Заев: Ги решивме отворените прашања со Вучиќ

јули 24, 2017

Македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за регионалната телевизија Н1  изјави дека ги решил сите отворени прашања што ги имал со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по неговата изјава за македонското сценарио кое може да се прелее во Србија, но и по информациите кои велат дека поранешен член на БИА беше во Собранието. Заев вели […]

Голема тепачка на плажата Горица во Охрид, петмина се повредени

јули 21, 2017

Во голема тепачка што се случила на охридската плажа Горица претпладнево, најмалку пет луѓе се повредени, а седуммина се приведени, информира СВР Охрид. Инцидентот се случил во 10.50 часот. Според официјалното соопштение, најверојатно поради меѓусебни недоразбирања кои траeле подолг период, првин дошло до пресметка меѓу две помали групи. Набргу стигнале полицајци кои интервенирале, но тогаш […]

ОЈО за организиран криминал почнува со распит на граѓани за насилствата од 27 април

јуни 20, 2017

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека во предистражната постапка што ја води за насилствата во Собранието на Република Македонија на 27 април, почнува да повикува граѓани на разговор заради добивање информации. Од Обвинителството велат дека бидејќи случајот е во предистражна постапка, нема да известува кој е повикан и во кое […]

Страна 1 од 3