fbpx

Родителите на децата насилници ќе одат на советување

-

Откако „Мета“ објави фрапантни бројки за физичко, психичко и кибер насилство во училиштата меѓу учениците, прашавме во Министерството за образование и наука (МОН), дали и што преземаат за истото да се намали. Оттаму ни одговорија дека со новиот Закон за основно образование, кој е на сила од оваа учебна година, предвидена е едукација и во и вон наставата, од која, oсвен вработените и учениците, ќе бидат дел и родителите на децата. Алармантен е податокот дека во основните училишта во главниот град, безмалку една третина од учениците постојано трпат секаков вид насилство.

– Со новиот закон во член 5, е уредено дека вработените во основните училишта се должни да промовираат еднаквост меѓу сите ученици и активно да се спротивставуваат на сите облици на дискриминација и насилство. Училиштата се должни во годишните програми за работа да планираат и програми за промоција на добросостојба на учениците, заштита од насилство, од злоупотреба и запуштање, спречување дискриминација. Активностите ќе се остваруваат низ различни наставни и вон наставни активности со учениците, вработените, родителите, односно старателите на децата во соработка со општините, согласно утврдените потреби од страна на училишниот одбор, советот на општината или педагошката служба – информираат од Министерството.

Во член 65 – а, додаваат во МОН, е утврдено дека директорот на училиштето е должен да го пријави секој облик на насилство, злоупотреба или занемарување сторено врз ученик од страна на друг ученик, родител односно старател, наставник, стручен соработник или кое било друго лице кое е вработено во училиштето, до надлежните во Државниот просветен инспекторат.

– Постапката за пријавување и заштита на ученик-жртва на било која од формите на насилство, злоупотреба и занемарување се утврдуваат со подзаконски акт предложен од Бирото за развој на образованието, а донесен од министерот. Исто така предвидени се и програми за советување на родителите, меѓудругото и доколку учениците учествуваат во разни форми на насилство, со цел истото да биде елиминирано. Овие одредби, секако ќе бидат дел и од новиот Закон за средно образование кој во следниот период ќе биде изработуван – велат во МОН.

Во следниот период ќе бил ставен фокус, како што велат, на развивање „пријатна и стимулативна училиштна клима и соживот во училиштата“.

– МОН во соработка со Министерството за внатрешни работи, општините, училиштата, странските партнери, граѓанските организации, во континуитет работат на подигнување на свеста кај младата популација за потребата од толерантно однесување и надминување на конфликти без насилство. Бројни заеднички проекти, како проектите за интегрирано образование и проектот со ОБСЕ – “Безбедни училишта, хармонична средина“, со превентивен карактер, придонесуваат за исполнување на приоритетите содржани во рамки на стратешките владини документи кои имаат за цел спречување на секаков вид насилство, развивајќи соживот во училиштата, нешто на што ќе биде ставен фокус и во следниот период – додаваат во МОН.

Професорката Софија Арнаудова од Филозофскиот факултет, заедно со семејниот советник и лиценциран психолог Фросина Денкова Зафировска, истражуваа колку насилството е дел од секојдневието на учениците. Повеќе од една третина од учениците рекле дека се навредувани со погрдни имиња и се задевани на навредлив начин, а 17, 7 отсто од учениците биле жртви на физичко насилство, односно рекле дека биле туркани, удирани со нозе или заклучени во просторија. Она што загрижува е дека 27 отсто од учениците веќе неколку години постојано се изложени на насилство, и тоа 34 отсто од девојчињата, а 23 отсто од момчињата. Насилство се случува на игралиштата, во училниците, на пат кон училиште, на училиштните скали.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...