fbpx

Поради насилствата на 27 април, суспендирани четворица вработени во МНР

-

Министерството за надворешни работи (МНР) соопшти дека суспендирало четворица вработени кои биле во Собранието на Република Македонија при упадот и бруталните насилства на 27 април годинава.

Како што се вели во соопштението, за ова Министерството за внатрешни работи (МВР) доставипо известување до Основното јавно обвинителство – Скопје.

„Министерството цени дека со нивните дејствија односно нивното неовластено влегување и присуство во Собранието на Република Македонија за време на настанот, постапувале спротивно на Етичкиот кодекс за вработените во Министерството за надворешни работи и го нарушиле угледот на професијата дипломат и воедно угледот на Министерството и државата. Таквото однесување, согласно позитивната регулатива, претставува дисциплински престап согласно Законот за административни службеници и Законот за надворешни работи, како и на Етичкиот кодекс за вработените во Министерството за надворешни работи и други лица што вршат работи во и за министерството за надворешни работи“, се вели во соопштението од МНР.

Постапката е почната на 7 јуни годинава, кога МНР од МВР побарало информации за можна инволвираност на вработени  во МНР во дивеењата во Собранието.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...