понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: упад | 47 резултати

Комитетот за истрага за упадот во конгресот бара Доналд Трамп кривично да се гони

декември 20, 2022

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп можно е да биде кривично гонет поради упадот на симпатизерите на Трамп во Конгресот на 6 јануари 2021 година. Комитетот за истрага за упадот во американскиот Конгрес донесоа едногласна одлука да предложат до правосудството да покрене обвинение против Трамп. Ова е првпат во историјата на САД, Конгресот да преземе ваква […]

Две пресуди за десничарски милитанти во врска со упадот во Конгресот

декември 1, 2022

Водач на крајно десничарска милитантна организација е прогласен за виновен за заговор за спречување на постапката за преземање на функцијата на претседателот на САД, по изборите во 2020 година, јави Би-Би-Си. На големо судење со порота, Стјуарт Роудс, основач на „Оут Киперс“ (Oath Keepers – Почитувачи на заклетвата), по два месеца судски рочишта, беше прогласен […]

Провалници упаднале во седиштето на ЦИВИЛ

јуни 20, 2022

Провалници упаднале во просториите на организацијата ЦИВИЛ во периодот од 18 до 20 јуни, при што ја искршиле вратата на задниот влез, го онеспособиле алармот и двете камери и го земале интернет модемот, информираа преку соопштение во организацијата. Се претпоставува дека провалниците, кои причиниле материјална штета, се интересирале за архивата на организацијата, бидејќи ги пребарувале […]

Еден загинат по упадот на приврзаниците на Трамп во Конгресот, конгресмените ќе продолжат со работа

јануари 7, 2021

Во 2 часот по средноевропско време, американскиот Конгрес ќе продолжи со работа на утврдувањето на победата на американскиот претседател Џо Бајден. Гардијан јавува дека до моментот на упадот на приврзаниците на Доналд Трамп во зградата на Конгресот, електорските гласови на само две сојузни држави биле официјално избројани. Очекувањата се дека целокупната процедура ќе трае до […]

Полициски час во Вашингтон, протестот на Трамп стана насилен, демонстранти упаднаа во Конгресот

јануари 6, 2021

Десетици илјади приврзаници на американскиот претседател Доналд Трамп се собраа денеска во Вашингтон во последен обид да обезбедат пресврт во резултатите од претседателските избори на кои победи Џо Бајден. Конгресот денеска водеше дебата по која требаше да ги потврди гласовите на електорите пред стапувањето на функцијата на Џо Бајден за нов претседател на САД. Во […]

Судир во ИВЗ, Бузаку се прогласи за реис, Реџепи ја оспори одлуката и посака смрт за судијката

април 24, 2019

Поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Сулејман Реџепи, откако вчера Скендер Бузаку се прогласи за нов Реис-ул-улема на ИВЗ, рече дека на вонредниот состанок во Факултетот за исламски науки во Кондово, Ријасетот решил дека ќе се вклучи во пропагандата против власта доколку нема реформи во правосудството во земјата. Според него, со фалсификуван судски процес им […]

Обвинитетите за 27 април добија вкупно 211 години затворска казна, Чавков – 18 години

март 15, 2019

Митко Чавков доби највисока казна за настаните од 27 април и е осуден на 18 години затвор, а вкупната казна за шеснасетмината обвинети е 211 години затвор. Игор Дурловски е ослободен од обвинението. Митко Пешов е осуден на 15 години, Душко Лазаров на 15 години, Горан Ѓошевски – Леви на 15 години, Оливер Поповски на 13 години, […]

Новинари најавија тужба против државата за „крвавиот четврток“

декември 28, 2018

Најмалку 15 новинари, кои известуваа од македонското Собрание при насилниот упад и дивеењето на 27 април, најавија дека ќе поднесат тужба против Република Македонија за надомест на штета. Како што велат Горан Трпеноски, Душица Мрѓа и Боби Христов, иницијатори на тужбата, ќе биде тужена државата според членот 166 од Законот за облигационите односи – „Одговорност […]

Чавков не поднел барање за амнестија, смета дека е невин

декември 26, 2018

Митко Чавков, поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност во времето на упадот и насилството во Собранието на 27 април 2017 година, не поднел барање за амнестија, според новиот закон. Рокот за ваквите барања истече вчера. Информацијата ја кажа утрово адвокатот Сашко Дукоски, бранител на Чавков, пред денешното рочиште за […]

Обвинителката Вилма Русковска не е задоволна од Законот за амнестија

декември 20, 2018

Јавната обвинителка Вилма Русковска по завршување на денешното рочиште за насилствата во Собранието на 27 април минатата година, рече дека таа како обвинител кој вложил многу труд и многу работа во предметот, но и како граѓанин не е задоволна од Законот за амнестија. Таа потенцираше дека нема да има преквалификација за тие обвинети што не […]

Ново рочиште за 27 април, ќе бидат сослушани четворица сведоци

септември 25, 2018

На денешното рочиште за настаните во Собранието на 27 април минатата година треба да бидат сослушани четворица нови сведоци – Ацо Ангеловски, Александра Богоевска Крстановска, Маријан Митевски и Алим Алими. Претходното маратонско рочиште заврши со сведочењето на актуелниот директор на БЈБ Сашо Тасевски, кој во времето на случувањето во Собранието беше обезбедување на министерот за […]

Сите обвинети негираат вина за „крвавиот четврток“

август 27, 2018

Обвинетите за упадот во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година, кои се теретат за терористичко загрозување на уставниот поредок, на денешното рочиште во Кривичниот суд кажаа дека го разбираат обвинението, но дека не се чувствуваат за виновни. Судскиот процес продолжува на 31 август со сослушување на сведоци предложени од обвинителството. Како сведоци […]

Нови рочишта за „Титаник 2″ и за упадот во Собранието на 27 април

август 27, 2018

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за случајот „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство, што се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година и за упадот во Собранието од 27 април минатата година. На денешното рочиште за „Титаник 2“ треба да бидат сослушани сведоците Борис Кондарко, Виолета […]

Рускоска: Нарачателите за 27 април ќе бидат обвинети кога ќе има цврсти докази

август 23, 2018

Во Кривичниот суд во Скопје денеска ќе продолжи судскиот процес за настаните во Собранието од 27 април минатата година. Вчера, на првото рочиште, воведни говори имаа обвинителката Вилма Рускоска и адвокатите на дел од обвинетите. Во случајот обвинети се триесет и три лица, од кои триесет и едно од обвинетите одговараат за „тероризам“, додека две […]

Почнува судењето за крвавиот четврток, 28 лица се гонат за тероризам

август 22, 2018

Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, четворица пратеници, оперскиот пејач Игор Дурловски, твитерџијата Богдан Илиевски, режисерот Борис Дамовски, актерот Владо Јовановски, Александар Василевски-Нинџа, денеска ќе седнат на обвинителна клупа, заедно со уште дваесетина други обвинети за крвавото насилство во Собранието на 27 април 2017 година, кога беа […]

Утре почнува судењето за насилството во Собранието на 27 април

август 21, 2018

Во Кривичниот суд во Скопје утре во 10 часот почнува нова постапка за упадот и насилствата во Собранието на 27 април минатата година. Предметот ќе го води судијката од организиран криминал Добрила Кацарска. Јавното обвинителство на Република Македонија, во март годинава објави дека е поднесен обвинителен акт против 30 лица, од кои 28 за терористичко загрозување […]

На 22 август започнува судењето за упадот во Собранието од 27 април

јуни 28, 2018

Судијката Добрила Кацарска за 22 август во 10 часот го закажа стартот на судскиот процес за случувањата од 27 април минатата година, кога повеќе лица упаднаа во Собранието при што беа повредени пратеници, новинари и граѓани. „За предметот кој беше оформен по одобрувањето на обвинителниот акт поврзан со настаните од 27 април 2017 година кои […]

Утре ќе се знае дали ќе има судски процес за упадот во Собранието

јуни 21, 2018

Во текот на утрешниот ден ќе биде познато дали ќе им се суди на обвинетите за насилството што се случи на 27 април 2017 година, во Собранието. Од Кривичниот суд информираат дека денеска била одржана седница за оценка на обвинителниот акт, а утре ќе биде позната одлуката. Доколку обвинението добие позитивна оценка, тоа значи дека […]

Џафери: Упадот на 27 април е најлошото нешто што му се случило на Собранието

април 27, 2018

Не сум оптоварен временски кога ќе го пуштам законот за јазиците во Службен весник без потписот на претседателот на државата Ѓорге Иванов. Кога ќе оценам дека треба да се пушти, ќе го пуштам, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите. – Доколку законот стапи во сила без потписот на Иванов, тоа […]

Апелација го потврди притворот на Митко Чавков

април 11, 2018

Скопска Апелација го потврди решението на Кривичниот суд со кое поранешниот министер за внатрешни работи и екс директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков останува во притвор. Од Апелација велат дека е отфрлено и барањето за обезбедување гаранција за пуштање да се брани од слобода, бидејќи тоа било некомплетно. Чавков заедно со уште четири […]

Страна 1 од 3