Хелсиншки реагира на обвинението за велешанката – жртва на семејно насилство, која ќе одговара за „убиство на миг“

-

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права реагираат до Јавното обвинителство, коешто покрена обвинение за сторено кривично дело „убиство на миг“ против Пале Илиоска од Велес.

Инаку, ОЈО Велес денеска извести дека 23-годишната велешанка на 29 септември лани „во семејната куќа во која живеела, доведена без своја вина во состојба на силна раздразнетост како последица на семејно насилство, го лишила од живот на миг починатиот А.Р.“.

Убиениот бил полициски службеник.

„Откако се вратиле дома од гости, А.Р. во видно алкохолизирана состојба започнал вербална расправија со обвинетата, нарекувајќи ја со најпогрдни зборови. Таа влегла во спалната соба и легнала да спие, но тој дошол до неа, ја фатил за пижамата и со неа ја влечел до кујната, удирајќи ја со тупаници по главата, увото и левото рамо, како и со клоци по левата натколеница. Потоа силно ја фатил со раце во пределот на вратот да ја дави. Обвинетата давала отпор и го молела да ја пушти, а во еден момент од масата зела нож и му нанела убодна рана во пределот на срцето. Како последица на убодот, дошло до пореметување и престанок на функционирањето на срцето и смрт кај сега починатиот“, се наведува во соопштението на ОЈО Велес.

Од Хелсиншкиот комитет сметаат дека во конкретниов случај станува збор за акт на самоодбрана, односно за институтот нужна одбрана, а не за сторено кривично дело „убиство на миг“.

Од Хелсиншки ги цитираат достапните информации и изјавите на сведоците кои беа пренесени во медиумите дека Илоска неколку години била во врска со велешкиот полицаец, кој претходно бил осудуван за изнуда и други кривични дела. Во текот на нивната врска, таа често била малтретирана и тепана. Имајќи предвид дека убиството се случило во момент додека починатиот вршел физичко насилство и директно го загрозил животот на жртвата, се јавуваат индиции дека станува збор за нужна одбрана.

Тие бараат судот да постапува со должно внимание во овој предмет и да ги разгледа сите решителни факти, додавајќи дека треба да ги има предвид историјата на насилството врз жртвата, интензитетот на нападите и на повредите кои претходеле на настанот, раздразнетоста и уплавот кај жртвата во моментот на случување и истовремениот противправен напад.

„Понатамошното постапување на правосудните органи во овој случај несомнено ќе го одрази и нивото на општествена свест, а ќе придонесе и за охрабрување на жртвите за пријавување на насилство врз жените и семејно насилство“, наведуваат од Хелсиншкиот комитет.

Инаку, ОЈО Велес за Пале Илиоска соопшти дека ќе бараат продолжување на мерката куќен притвор за обвинетата поради тоа што постоеле околности кои укажуваат на опасност од нејзино бегство.

Уставниот суд отвори јавна дебата за донесување на Закон за Уставен суд

Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска организираше тркалезна маса на тема „Дали е потребен Закон за Уставниот суд?“, со што официјално ја отвори јавната дебата за можноста за донесување на...

Српската полиција физички се пресмета со студентите во Нови Сад

Денеска пред Факултетот за спорт и физичко воспитување во Нови Сад ескалираше тензијата кога група студенти во блокада и граѓани кои протестираат веќе подолг период, го блокираа влезот на факултетот, спречувајќи...

Јавното обвинителство ги поканува на средба претставниците на семејствата кои утре ќе излезат на „Маршот на Ангелите“

Јавното обвинителство ги поканува на средба сите претставници на семејствата на жртвите кои настрадаа во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во текот на утрешниот најавен протест. Од обвинителството на средбата би сакале...

На 25 мај хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани

Оваа година, Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус ќе го одбележат „Денот на Европа“ со организирање на хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани, информираат оттаму. - „На...

Уставниот суд отвори јавна дебата за донесување на Закон за Уставен суд

Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска организираше тркалезна маса на тема „Дали е потребен Закон за Уставниот суд?“, со што официјално ја отвори јавната дебата за можноста за...