среда, 14 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: изнуда | 23 резултати

Му земале илјадници евра претставувајќи се како членови на криминална група

20 септември 2025

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица осомничени за кривично дело изнуда, казниво по член 258 од Кривичниот законик. Всушност, според соопштението на јавното обвинителство, станува збор за класичен „рекет“. Според обвинителството, во периодот од 16 до 18 септември, првоосомничениот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, […]

Едно лице фатено на дело при изнуда, прва успешна акција на Истражниот центар на ОЈО Битола

15 септември 2025

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Во временскиот период од август 2024 година до септември 2024 година и повторно од март до средината на септември годинава, осомничениот со намера […]

Скопјанец со закани извлекол 1,5 милиони денари од друго лице, се соочува со максимална затворска казна

21 август 2025

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице за кривично дело – Измама, денеска ги разгледа наводите и прибавените докази, по што против осомничениот одлучи да поведе истрага за продолжено кривично дело – Изнуда по член 258 став 1 во врска со член 45 […]

Кривична пријава против четири лица од Скопје за изнуда и лихварство

25 мај 2025

На 24.05.2025 СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против А.Б.(31) и А.Р.(25), двајцата од Скопје, поради постоење на сомнение дека сториле кривични дела „изнуда” по член 258 став 1 и „лихварство“, по член 260 став 1 и против Е.Б.(27) и Р.Р.(20), двајцата од Скопје, поради сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ […]

Истрага за три лица кои се обиделе од двајца сопружници да изнудат 10.000 долари

6 февруари 2025

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица на возраст од 26 и 24 години, осомничени за кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 од Кривичниот законик, како и за еден 26 годишник осомничен за помагање при извршување на кривичното дело, соопшти Осовното јавно обвинителство. […]

Измамници излажале Скопјанка дека ќерка ѝ прегазила дете, па ѝ зеле 130.000 денари

19 јануари 2025

Двајца измамници ѝ одзеле 130.000 денари на Скопјанка, информира Министерството за внатрешни работи. „На 17 јануари 18.30 часот во СВР Скопје, Р.С.(76) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 14 часот примила телефонски повик од едно женско лице и едно машко лице, кои ѝ кажале дека нејзината ќерќа предизивикала сообраќајна несреќа и прегазила дете, па […]

Приведен битолчанец поради изнуда на околу 400.000 денари

1 септември 2024

Битолската полиција вчера го лишила од слобода 29-годишниот Н.Д. од Битола, кој се сомничи за изнуда на околу 400.000 денари. Според Министерството за внатрешни работи (МВР), тој во периодот од февруари 2023 година па сè до вчера, во повеќе наврати преку социјална мрежа упатувал закани кон 49-годишна жена од Битола и нејзиното семејство и на тој […]

Притвор за лице кое лажно се претставувало како вработен во АНБ и изнудило 180 илјади евра

7 април 2024

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела изнуда и лажно претставување. Според обвинителството, тој во периодот од 14.12.2023 до 05.04.2024 година, лажно се претставувал како службено лице – вработен во Агенцијата за национална безбедност и со сериозни закани присилил […]

Машината за рансомвер напади често работи на руски погон

16 март 2023

Русија со години негира дека е земја домаќин на хакерите кои стојат зад рансомвер нападите, но експерти за сајбер безбедност велат дека има убедливи докази дека многу од овие криминални групи се координирани токму од оваа земја. Дека машината за рансомвер напади често работи на руски погон, меѓу другото покажува и фактот што една таква […]

Приведено лице што се јавувало преку телефон со лажни информации за сообраќајќи на блиски

2 октомври 2022

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска во 9 часот на Граничниот премин Деве Баир го лиши од слобода Н.П.С. (34) од Плевен, Република Бугарија. Тој им се јавувал на повозрасни лица во земјава и успевал да ги доведе во заблуда дека член на нивното потесно семејство предизвикал сообраќајќа и има загинато дете, и доколку сакаат […]

Борисов бил уапсен за изнуда врз контроверзниот бизнисмен Васил Бошков, тврди неговиот адвокат

18 март 2022

Поранешниот бугарски премиер и претседател на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов, кој речиси една деценија владееше со Бугарија, e уапсен по примена пријава за изнуда врз контроверзниот бугарски бизнисмен поврзан со казина, Васил Бошков. Според Менко Менков, адвокатот на Борисов, кој зборуваше по средба со претставници на истрагата, јави бугарски „Медиапул“. Според Менков, истрагата почната вчера нема […]

Хелсиншки реагира на обвинението за велешанката – жртва на семејно насилство, која ќе одговара за „убиство на миг“

2 февруари 2022

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права реагираат до Јавното обвинителство, коешто покрена обвинение за сторено кривично дело „убиство на миг“ против Пале Илиоска од Велес. Инаку, ОЈО Велес денеска извести дека 23-годишната велешанка на 29 септември лани „во семејната куќа во која живеела, доведена без своја вина во состојба на силна раздразнетост како последица на […]

Обвинителството води постапки за пукања, кинење ливчиња, подмитување гласачи…

18 октомври 2021

Комисијата за следење на евентуални нерегуларности на Јавното обвинителство, денеска ги презентираше случаите на изборни нерегуларности во текот на вчерашните локални избори, како и од претходно. Нерегуларностите се движат од агитација и поткуп на гласачи, преку кинења на ливчиња и оставање празни ливчиња на гласачки пулт, до закани и пукање. Комисијата на Јавното обвинителство соопшти […]

Одложено сведочењето на обвинителот Рустеми за „Рекет“

15 август 2019

Одложено е сведочењето на Бурим Рустеми од Специјалното јавно обвинителство, Бурим Рустеми, кое требаше да се случи денеска во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК). Рустеми требаше да дава исказ за „Рекет“, но тоа е одложено поради денешното судско рочиште за случајот ТНТ, во кое Рустеми е обвинител. Одложувањето е поради […]

Седумчлено семејство убиено за време на Божиќ во Мексико

26 декември 2016

Вооружена банда уби седумчлено семејство за време на божиќна прослава во мексиканската држава Гереро, на југот на земјата, соопшти полицијата. Семејството било нападнато во  утринските часови во селото Пуенте дел Реј. Бандата убила шест мажи и една жена, кои биле на возраст помеѓу 24 и 53 години. Станува збор за тројца браќа, нивниот татко, чичко […]

Триесетдневен притвор за скопјанец кој со месеци изнудувал пари од поранешен колега

22 октомври 2016

Единицата за насилен криминал на СВР Скопје до Основното јавно обвинителство поднело кривична пријава против 33-годишниот Н.Б. од Скопје, осомничен дека со месеци малтретирал и изнудувал пари од поранешен колега. Како што соопшти денеска МВР, на осомничениот, кој се товари за изнуда, судија на претходна постапка му одредил притвор од 30 дена. Според полицијата, скопјанецот […]

Седуммина обвинети во случајот „Чекан“ осудени на вкупно 53 години 6 месеци затвор

12 јули 2016

Кривичниот суд во Скопје на седуммина од обвинетите во случајот „Чекан“ им одредил вкупна затворска казна од 53 години и 6 месеци, соопшти денеска Јавното обвинителство. Полициската акција „Чекан“ беше спроведена во декември минатата година, во Гостиварско, а обвинетите се товареа за кривичните дела лихварство и изнуда. Највисоки казни, како што информираат од Обвинителството, им […]

Кривична за кумановец кој изнудувал пари во име на паравоена формација

19 јуни 2015

Секторот за внатрешни работи Куманово поднел кривична пријава против 47-годишниот А.З., жител на градот, кој се товари дека претставувајќи се како припадник на т.н. паравоена формација „Илирида“, се обидел да изнуди пари од жител на Липково. Според полицијата, осомничениот, во текот на мината година, од својот мобилен телефон, повеќепати му се јавувал и му праќал […]

Со закани изнудувале пари од Данец

29 ноември 2014

Против струмичаните Ѓ.Д. (42), сопственик на а АОИЛ „Феникс“- Струмица, и Р.С.,(40), претседател на НВО „Порта“-Струмица, полицијата поднесе поднесе кривична пријава за изнуда. Според МВР, во периодот од јули до септември 2013 година, со упатување сериозни закани по животот на фамилијата на дански државјанин, со престојувалиште во Струмица, осомничените повеќепати се обиделе да изнудат 50.000 евра.

Страна 1 од 1