четврток, 12 ноември, 2026
Meta.mk

Ознака: ОЈО Велес | 9 резултати

Обвинителството го истражува вчерашното убиство во Велес

6 декември 2016

Основното јавно обвинителство Велес го истражува убиство што вчера околу 14 часот се случило во местото Којник, кај Велес, кога вооружен маж дошол во куќата на сега починатото лице и веднаш почнал да пука во него. Како што соопштија денеска од Јавното обвинителство, жртвата, во обид да му избега на сторителот, излегла од куќата и дошла […]

ОЈО Велес: Обвинетата за измама нè лажела дека е портпарол во Министерството за култура

29 ноември 2016

Вработената во Министерството за култура против која велешкото основно јавно обвинителство поднесе обвинение за измама, лажела дека работи како портпарол во кабинетот на заменик-министерот за култура, Драган Недељковиќ. Јавното обвинителство, кратко по соопштението за поднесеното обвинение, информираше дека попладнево добиле известување од Министерството за култура од каде биле информирани дека „обвинетата Д.Н.К. е вработена во […]

Директор на велешка гимназија обвинет за неправилно спроведена екскурзија

22 јули 2016

Велешкото Основно јавно обвинителство поднело обвинителен предлог против директор на средно училиште во градот, поради основан сомнеж дека сторил кривично дело несовесно работење во службата, соопшти денеска Јавното обвинителство. Како што информираат оттаму, обвинетиот директор се товари за неправилности во организирањето на екскурзија за учениците од трета година од училиштето. „По завршувањето на постапката за […]

Судот го одобри обвинението против тројцата лекари за смртта на родилката од Гевгелија

19 јули 2016

Јавното обвинителство денеска соопшти дека велешкиот суд  го одобрил обвинителниот акт што обвинителството на почетокот на мај го поднесе против анестезиологот и двајцата гинеколози, кои се товарат за смртта на родилката од Гевгелија, која почина на крајот на октомври минатата година, неколку часа по породувањето. „Обвинението беше поднесено поради нивно несовесно постапување на 22 октомври […]

Поднесено обвинение против тројца лекари за смртта на родилката од Гевгелија

3 мај 2016

Основното јавно обвинителство Велес денеска до судот во Велес поднело обвинение против анестезиолог и двајца лекари специјалисти по гинеколигија за смртта на родилката од Гевгелија, соопшти Јавното обвинителство. Како што информираат од Обвинителството, станува збор за Т.В. – анестезиолог во Општата болница во Гевгелија, В.Ч. и Д.М., двајцата лекари специјалисти по гинеколгија и акушерство во […]

Страна 1 од 1