fbpx

Пендаровски: Ги зајакнавме капацитетите за борба со антизападната пропаганда

-

Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, вчера изјави дека по референдумот и промената на името на државата, антизападната пропаганда е зголемена. Пендаровски рече дека има пропаганда која вели „не ви треба западната алијанса НАТО и Европската Унија“, меѓутоа и дека државата ги има зајакнато своите капацитети за борба против ваквата пропаганда и дека притоа има поддршка од сојузниците од НАТО, пишува Порталб.мк.

„Од 2018 година, од нашиот референдум за промена на името, тие притисоци од таквиот вид пропаганда, сега се нарекуваат хибридни закани и така натаму, се зајакнати, но и ние ги имаме зајакнато капацитетите во таа област бидејќи членството во алијансата ни помага многу, при што од таму добиваме експертиза и секаков вид на поддршка и размена на информации. Значи, пропаганда има, но се бориме против тоа и мислам дека сме релативно успешни. Знаете дека и најголемите и најмоќните држави во светот не можат да спречат влијание на нивните избори, и без да ги набројувам државите, сите знаеме. Јасно е дека имало и ќе има влијание на тој аспект, но мислам дека сме многу подобро опремени и способни со внатрешни капацитети да го неутрализираме таквиот притисок“, рече Пендаровски.

На прес конференцијата одржана по седницата на Советот за безбедност, на прашањето како Северна Македонија е подготвена да одговори на руската пропаганда и дали се лоцирани центрите на руските дезинформации и пропаганда во Северна Македонија, Пендаровски рече дека не може да даде конкретни информации, бидејќи се работи за доверливи информации, но гарантираше дека се преземаат активности за нивно неутрализирање.

„Доколку коментирам во тој дел јавно, ќе треба да навлезам во она што подразбира чувствителни или класифицирани информации. Секако има извори на дезинформации кои не доаѓаат само од изворот што го лоцирате во други земји, не доаѓаат само од држави, туку и од ентитети и групи и поединци низ светот, кои ги лоцираме со помош на нашите најуспешни сојузници во НАТО. Како и да е, се превземаат активности, но не можам да бидам специфичен за да конкретизирам во однос на тоа дека има активности кон нашата држава, кои не се во согласност со нашите национални и државни интереси, и кои се обидуваат да ги поткопаат истите. Има заеднички активности и напори на нашите институции за нивно неутрализирање и да го спречиме тој продор“, рече тој.

За дезинформациите за конфликтот меѓу Украина и Русија, Пендаровски рече дека Украина има партнерски односи со НАТО, но не е членка на НАТО, па затоа не треба да се верува на пропагандата дека во случај на војна НАТО како сојуз ќе се вклучи на украинска територија.

„Тоа нема да се случи. Сосема е различно ако може да се помогне на билатерална основа, но трупите на НАТО, вклучително и нашата армија, нема да ги видите во воени дејствија на украинска територија, доколку тензиите таму достигнат ниво на отворен конфликт“, рече тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...