fbpx

Црногорскиот парламент ѝ изгласа недоверба на владата на Дритан Абазовиќ

-

Падна владата на црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, откако ноќеска Собранието на Црна Гора ѝ изгласа недоверба по 12-часовна расправа, пренесоа црногорските медуми.

За недоверба на владата гласаа 50 пратеници од вкупно 81, меѓу кои пратениците на Демократската партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ, Демократската партија на Црна Гора на Алекса Бечиќ, Социјалдемократската партија, Социјалдемократите, Бошњачката партија, Демократскиот сојуз на Албанците и десницата на Црна Гора. Против беше претседателката на Собранието Даниела Ѓуровиќ од Социјалистичката народна партија. Другите пратеници од просрпскиот Демократски фронт, Социјалистичката народна партија, Демос и Граѓанското движење УРА на Абазовиќ не присуствуваа на гласањето.

Падот на Владата нема автоматски да доведе до предвремени избори, бидејќи услов за тоа е скратување на мандатот на Собранието или распуштање – што досега не е иницирано.

Непосредно пред завршниот говор, Абазовиќ рече дека во актуелната политичка пресметка некој мора да го извлече подебелиот крај, или тој или шефот на државата и лидер на ДПС Мило Ѓукановиќ.

„Со оглед на тоа што сум многу послаб политички, финансиски неспоредливо – тоа се светови, луѓе од подземјето што ги немам, а тој ги има, медиуми што јас ги немам, а тој ги има – веројатно победникот се знае однапред. Но, тоа не значи дека ако сум придонел само малку, дека некој друг нема да го подигне факелот и целосно да го вклучи светлото. Кој и да го направи тоа, јас ќе бидам таму да му честитам. Тоа е политичка пресметка на подгоричките, парламентарните и претседателските избори. Ќе си замине или Ѓукановиќ или Абазовиќ, а после него ќе си заминат многу други“, изјави Абазовиќ.

Абазовиќ, првиот премиер на Црна Гора кој припаѓа на малцинска национална заедница, беше на функција 115 дена. Тој беше потпретседател во претходната влада на Здравко Кривокапиќ, а откако во февруари годинава го иницираше уривањето на таа влада, Абазовиќ на крајот на април стана премиер со помош на Демократската партија на социјалистите на Ѓукановиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...