fbpx

Вработените во МВР ќе добијат повисоки плати за 5 отсто, одлучи Владата

-

Владата го задолжи министерот за внатрешни работи да ги преземе сите потребни активности за реализација на покачувањето плати во МВР во висина од 5 проценти, почнувајќи со платата од септември 2022 година, одлучија владините претставници на вчерашната 65. седница. На седницата беа усвоени повеќе одлуки.

„На предлог на Министерството за образование и наука, Владата одлучи да даде согласност за бројот на студентите кои се запишуваат на трет циклус на студии на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово во академската 2022/2023 година, како што е предвидено во конкурсот на универзитетот. Исто така Владата одлучи на предлог на Министерството за одбрана, да испрати 134 припадници на Армијата на Република Северна Македонија, за учество на вежбата „SABER JUNCTION 22“, којашто ќе се одржи во Сојузна Република Германија, во период од 28 август до 21 септември 2022 година“, наведено е во владиното соопштение.

На седницата била разгледана и усвоена и информацијата од Министерството за одбрана за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија, за изведување обука за евакуација на лица во тешко проодни планински услови.

„Владата, на предлог на Министерството за надворешни работи, одлучи и да бидат отворени два нови конзулата: почесен конзулат на Република Северна Македонија, во Република Хрватскa, со седиште во Риека и почесен конзулат на Република Северна Македонија, во Република Турција, со седиште во Сивас“, соопштуваат оттаму.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...