Основните прехранбени продукти ослободени од ДДВ, намалена и акцизата за горивата

-

Собранието на С. Македонија доцна синоќа ги усвои измените на Законот за додадена вредност и Законот за акцизите. Со оваа одлука од  данок на додадена вредност се ослободуваат лебот, шеќерот, белото брашно, маслото за јадење, јајцата и оризот, додека за горивата ДДВ-то се намалува од 18 на 10 отсто. Пратениците ја намалија и акцизата на сите видови горива од 1,2 до 4, 7 денари, по што треба денеска да заседава Регулаторната комисија за енергетика, која се очекува да ги намали цените на бензинот за 6,5 денари и на дизелот за девет денари.

Од Владата на С. Македонија денеска информираа дека на 27 седница, врз основа на прифатените измени и дополнувања во Законот за акцизи во Собранието, е донесена Одлука за определување на видот на енергенсите, временскиот период како и начинот на пресметка на акцизата.

Со оваа одлука се овозможува да се пресметува дополнително намалување на акцизата кај безоловниот бензин, гасното масло како погонско гориво и гасното масло како гориво за греење во зависност од движењето, односно од висината на зголемувањето на цената на овие енергенти на светските берзи.

На оваа седница е донесена и Одлуката за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена даночна стапка откако Собранието, на предлог на Владата, ги усвои измените и дополнувањата на Законот на данокот на додадена вредност.

Оваа одлука овозможува да се примени повластена даночна стапка која изнесува 10%, врз прометот и увозот на енергенти, за определен временски период во определени услови. Се продолжува примената на повластена даночна стапка од 5% на електричната енергија за домаќинства до 31 декември 2022 година.

Овие одлуки стапуваат на сила со денот на објавувањето во „Службен весник“, односно на 13 февруари.

Владата донесе и Одлука за определување на видот на добрата и временскиот период на ослободување од плаќањето на данокот на додадена вредност во земјата со право на одбивка на претходниот данок. Со оваа одлука опфатени се лебот, брашното од тип 400, шеќерот, сончогледовото масло, кравјото млеко со маснотии од 2%, 3,2% и 3,5%, месото, оризот и јајцата.

Еко-свест: Климатската криза може да се ублажи само со заедничка акција

Глобалните кризи како економската, безбедносната и климатска, кои може да го загрозат развојот на општеството, претставуваат сериозен предизвик за сите држави и заедници. Единствен начин на кој овие кризи може да...

УКИМ одбележа 76 години од основањето со награди за најдобрите студенти

Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје, најстарата високообразовна институција во земјава, денес со доделување награди на најуспешните студенти го одбележа патрониот празник - Денот на Светите Кирил и Методиј. На свеченоста се...

Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие од Струмица за злоупотреба на службена положба и овластување

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против З.Г.(56) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член...

Платформата на граѓански организации за борба против корупција со реакција врз преговарањето за „Договор Влада со Влада“

Платформата на граѓански организации за борба против корупција реагира на нетранспарентноста на процесот на преговарање на договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство во врска со...

Еко-свест: Климатската криза може да се ублажи само со заедничка акција

Глобалните кризи како економската, безбедносната и климатска, кои може да го загрозат развојот на општеството, претставуваат сериозен предизвик за сите држави и заедници. Единствен начин на кој овие кризи...