fbpx
Таг: Влада на РСМ

таг: Влада на РСМ

Европскиот предлог за отстранување на бугарското вето е достапен и на македонски јазик на владиниот сајт

Владата на РСМ попладнево го објави и на македонски јазик европскиот предлог, изработен за време на француското претседателство со ЕУ, за отстранување на ветото од Бугарија за почетокот на преговорите со ЕУ. „Со цел транспарентно информирање на јавноста, Владата на Република Северна Македонија денеска на официјалната веб страна интегрално преведен на Македонски јазик, го објави европскиот предлог“, соопштија од владината...

Увезени над 400.000 половни возила, најавената забрана не е на дневен ред [инфографик]

Сè уште не е донесена одлуката за менување на правилниците за увоз на половни возила, со која ќе се забрани увозот на возила со под ЕУРО 5 стандард на емисија на издувни гасови. Ова е одговорот што Мета.мк го доби од Министерството за економија и Владата на РСМ во однос на нашето прашање кога ќе се оствари најавената мерка...

Владата и СОНК постигнаа договор, од среда ќе продолжи наставата и работата на градинките

Владата и СОНК постигнаа согласност за зголемување на платите во основното и средното образование и во детската заштита. Денешниот договор вклучува согласност за почеток на наставата и почеток на работата на градинките од среда, 27 април, откако утрешниот ден претставниците на претседателството на СОНК и регионалните советници ќе ги информираат вработените во образованието и во детската заштита за постигнатиот...

Попладнево средба на СОНК и Владата, ако нема договор, штрајкот ќе продолжи и утре

Во владата попладнево ќе се одржи нова средба меѓу Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) како уште еден обид да се постигне договор за завршување на штрајкот во училиштата и градинките во земјава. Покрај претседателот на СОНК Јаким Неделков, на денешната средба со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе биде и...

ЕБОР со одлични оценки за владината апликација за изградба на регионалните депонии во земјава

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) дала 73 поени и со термините „добро управуван“ и „инклузивен“ ја оценила владината апликација за кредит во висина од 55,3 милиони евра за изградба на регионалните депонии по стандардите на ЕУ за пет региони од земјава. Банката на почетокот од јуни годинава треба да ја објави финалната одлука за финансиската поддршка на...

Од почетокот на војната, во земјава влегле 1.924 Украинци, но не како бегалци

Од почетокот на војната во Украина до денеска во земјава вкупно влегле 1.924 украински државјани, додека на излез од нашата земја во овој период се регистрирани 1.365 граѓани на Украина, информираше владиниот портпарол Душко Арсовски, повикувајќи се на податоци од Министерството за внатрешни работи. На денешната владина прес-конференција Арсовски посочи дека во земјава нема лица кои побарале статус на бегалец...

Анализа: Мажите-политичари не сакаат да го препуштат одлучувањето во рацете на жените-политичарки

Застапеноста на жените во политиката и во одлучувањето и понатаму останува минимална и на централно и на локално ниво. Иако политичките партии во последно време често се повикуваат дека се за родова еднаквост, кога станува збор за примена на ова во пракса, тие се повлекуваат. Факт за тоа се неодамнешните локални избори и формирањето на новата Влада на државата....

Во домашните млинови има залиха од 45.000 тони пченица, доволни се до следната реколта

Владата денеска уште еднаш апелираше до граѓаните да бидат смирени, бидејќи државата има доволна количина на житарици во стоковните резерви. Како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во домашните млинови има залиха од 45.000 тони пченица, коишто како количини се доволни за потребите на домашниот пазар до следната реколта. „Важно е граѓаните да знаат дека согласно официјалните статистички...

Северна Македонија нема да се повлече од „Отворен Балкан“ и покрај ставот на Србија кон Русија

Владата на Северна Македонија нема да се повлече од „Отворен Балкан", без оглед на ставот на Србија за невоведување санкции кон Русија, како што направи Западот вклучувајќи и Албанија или и самата Северна Македонија, поради агресијата врз Украина. Според Владата на РСМ, ставот на Србија во однос на ситуацијата во Украина е внатрешна работа, пишува Порталб.мк. „За тоа каков став...

Средба Грковска – НДИ: Продолжуваме со партнерството за спроведување на реформските процеси

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска оствари средба со канцеларијата на Националниот демократски институт (НДИ) во Северна Македонија. На средбата присуствуваа Роберт Скот Хејзлет, директор на НДИ-Северна Македонија, Лидија Стојкова Зафировска, програмски директор и Насер Бислими, програмски офицер, информираат од владината прес-служба. Грковска се заблагодарила за долгогодишната поддршка која ја дава Националниот демократски институт на Северна...

Земјава доби 7,9 милиони долари за справување со аерозагадувањето и климатските промени

Со средства од глобалниот Заеднички фонд за Целите за одржлив развој (ЦОР) преку Обединетите Нации, земјава доби 7,9 милиони долари за да создаде нов финансиски инструмент за поевтино финансирање на мали и средни претпријатија, физички лица и домаќинства за инвестиции во обновливи извори на енергија и решенија за енергетска ефикасност, информираат од Владата на РСМ. Северна Македонија е една од...

ЈСП уште чека одговор на барањето за владина помош поради зголемените цени на метанот

Помина еден месец од барањето на ЈСП-Скопје за Владата на РСМ да донесе одлука за субвенционирање на работењето на Јавното сообраќајно претпријатие, коешто од почетокот на годинава се соочи со повеќе од двојно зголемување на цената на метанот. „И покрај официјалното доставено барање до Владата преку Град Скопје, сѐ уште немаме добиено никаков одговор“, велат за Мета.мк од ЈСП-Скопје. Зголемувањето на...

Постигнат договор за минималната плата од март да порасне на 18.000 денари

Владата постигна договор со работодавачите и синдикатите, а опозицијата потврди дека ќе го поддржи договореното. Од март минималната плата во земјава ќе изнесува 18.000 денари, при што владините проценки се дека 80.000 граѓани што работат за минималец ќе добијат покачување на платите. „Со дефинирањето на минималната плата на висина од 18.000 денари, сума која е воедно и двојно покачување од...

Порталб анализа: Минималец од 18.000 денари – за работниците добредојден, за дел од фирмите „шок“

Македонија е петта земја според најниска минимална плата во цела Европа. Започнуваат преговорите на релација синдикати - влада - работодавачи за ново зголемување на минималецот до 18.000 денари, пишува Порталб.мк. Дел од бизнисмените предупредија дека растот направен под притисок може да предизвика отпуштања во фирмите, загрозување на ликвидноста. Анализите на дел од економистите го покажуваат спротивното. Минималецот од 18.000 денари - аргументи “за“...

Периодот на изолација да трае седум наместо десет дена, предлага Кризниот штаб

Главниот координативен кризен штаб синоќа ја одржа својата втора седница, на која министерот за здравство Беким Сали ја презентираше актуелната состојба со пандемијата предизвикана од ковид-19, информираат оттаму. „На седницата се дискутираше и се усвои препорака за кратење на периодот на изолација после позитивен ПЦР ковид тест од 10 на 7 дена. Препораката е врз основа на предлог на Комисијата за...

БЕГ се закани дека од утре ќе го исклучи парното за 54.000 домаќинства

Најголемиот снабдувач со парно греење во Скопје - БЕГ вчера вечер најави дека од утре, сабота, 15 јануари, ќе го исклучат парното за 54.000 домаќинства, 95 образовни установи и 1.027 други објекти во главниот град. Наводно, имале пари за набавка на природен гас што го користат трите топлани: ТЕ-ТО Исток кај Керамидница, ТЕ-ТО Запад во Тафталиџе и „11 Октомври“ во...

Новата влада ќе треба да го забрани увозот на возила со под ЕУРО 5 стандарди [инфографик]

Помина една година од изјавата на министерот за економија Крешник Бектеши дека ќе се забрани увозот на половни возила со под ЕУРО 5 стандард на емисија на издувни гасови во земјава. Тој забраната за увоз на возила постари од 10 години најави дека ќе се реализира во текот на 2021 година, за кон крајот на минатата година Министерството за...

Скопјани нема да останат без парно, Владата може времено да го преземе работењето на БЕГ

Мандатарот Димитар Ковачевски вели дека Владата нема да дозволи граѓаните на Скопје да останат без парно греење во претстојниот период. Тие имаат решение за надминување на проблемот со високите цени за набавка на природниот гас, којшто им предизвикува проблеми на БЕГ и АД Скопје Север во натамошното обезбедување на топлинска енергија за жителите на Скопје. Ковачевски изјави дека топлинската енергија...

Општина Битола формира комисија за штети и бара помош од владата по вчерашниот земјотрес

По вчерашниот земјотрес што се случи во граничниот појас меѓу Грција и Северна Македонија, локалните власти од Битола денеска одржаа седница на општинскиот кризен штаб и на општинскиот совет. Нема повредени и загинати лица по вчерашниот земјотрес, но има оштетувања на некои згради, особено постари објекти во Битола. Од општинскиот кризен штаб велат дека вон употреба е ставена градинката „Мајски...

Неизвесноста на политичката сцена ќе продолжи и оваа 2022 година

Со спроведувањето на локалните избори, оставката на премиерот Зоран Заев, бугарската блокада на евроинтегративните процеси и низа други политички случувања од 2021 година, С Македонија одбележа една година полна со политички превирања, кризи и неизвесност. Земјата не ја очекуваат подобри денови и во текот на 2022 година, а неизвесноста ќе продолжи со оглед на последните случувања и актуелната политичка...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...