понеделник, 15 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Влада на РСМ | 252 резултати

Ќе имаме помалку пари за уметност ако Македонија го изгуби пристапот до европските фондови

март 13, 2023

Евроамбасадорот Дејвид Гир на 25 јануари годинава предупреди дека Македонија има опасност да го изгуби пристапот до програмите за финансирање на продукција на содржини на ЕУ, доколку до 31 мај 2023 година земјава не ја усогласи својата законска регулатива со медиумската директива на Европската Унија. Помина месец и половина од ваквото предупредување на Гир, но […]

Помош од 80 милиони евра од ЕУ за земјава за справување со енергетската криза

март 9, 2023

Република Северна Македонија доби 80 милиони евра финансиска поддршка од Европската Унија, а парите ќе им помогнат на граѓаните да се справат со барањата кои се појавија како резултат на енергетската криза, изјави денеска евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир. На денешната прес-конференција зборуваа премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата на која учествуваа и вицепремиерот за евроинтеграции […]

Владата го одобри договорот за автопатите на Коридорите 8 и 10Д

март 7, 2023

На предлог на Комитетот за преговори за изградба на Коридорите 8 и 10Д, со кој раководи вицепремиерот Артан Груби, македонската влада денеска го одобри договорот за изградба на Коридорите 8 и 10д. „Владата на денешната седница, на предлог на Комитетот за преговори за склучување на Договорот за градење на Коридорот 8 го одобри склучувањето на […]

Платформа за борба против корупцијата: Владата да го напушти коалициското преговарање за професионални позиции во јавниот сектор

март 6, 2023

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата преку отворено писмо ја потсетува Владата дека при именувањето на професионалното раководно ниво во јавниот сектор, има должност да обезбеди конкурентна процедура низ јавен оглас. Од Платформата велат дека Владата мора да го напушти коалициското преговарање на професионалните позиции во јавниот сектор. „Во врска со најавеното именување […]

Ковачевски: Големината на човекот е во простувањето

февруари 26, 2023

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, дeнеска упати честитка за празникот Велики поклади – Прочка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, архиепископ охридски и македонски, г.г Стефан и до членовите на Светиот архиерејски синод и до сите православни верници кои го празнуваат празникот. Како што е наведено во честитката […]

Од март минималната плата во земјава ќе порасне на 20.175 денари

февруари 25, 2023

Граѓаните кои земаат минималец, почнувајќи од мартовската плата, ќе имаат повисоки примања за над 2.000 денари месечно, информираа денеска од Министерството за труд и социјална политика. Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од месец март ќе изнесува 20.175 денари. „Со измените на законот за минимална плата, донесени во март 2022 […]

Скопскиот воздух во јануари: Центар опасно му се приближува на рекордерот Лисиче во аерозагадувањето [инфографик]

февруари 16, 2023

Чистиот воздух бил мислена именка за Скопје и во изминатиов јануари. Измерените податоци за квалитетот на воздухот покажуваат голем број на денови во кои се надминати дозволените среднодневни вредности на ПМ-2.5 и ПМ-10 честички во воздухот. Споредено со јануари 2022 година, годинава имало нешто помал број на денови кога било надминато максималното дозволено загадување од […]

Владата ја одбрала најскапата варијанта за патот Тетово-Призрен поради постоечката инфраструктура

февруари 15, 2023

Предноста на поврзувањето со скијачкиот центар Попова Шапка и модерната патна структура (асфалтирана) која само треба да се реконструира. Ова е одговорот од Владата на прашањето на Порталб.мк во врска со нивната одлука да ја одбрерат најскапата траса за изградба на ветениот пат Тетово-Призрен и покрај препораките на експертите, пишува Порталб.мк. Во октомври минатата година Порталб.мк […]

Фондацијата Метаморфозис ќе ѝ помогне на Владата да ја подготви новата Стратегија за транспарентност

февруари 13, 2023

Извршниот директор на Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, Бардил Јашари и заменик-премиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска потпишаа Меморандум за соработка. Целта е подготовка на нова Стратегија за транспарентност, која ќе придонесе кон подобрување на транспарентноста и отчетноста на Владата и институциите врз основа на принципите за соработка со граѓанското […]

Владата првично ќе набави „Трикафта“ за 30 пациенти со цистична фиброза

февруари 2, 2023

Пациентите со цистична фиброза ќе го добијат лекот „Трикафта“, но тој ќе се набавува во неколку фази, соопштија денеска од Министерството за здравство. Ваквата реакција на надлежните власти доаѓа откако пациентите, меѓу кои најголем е бројот на млади лица, веќе протестираа на 26 декември минатата година. Тогаш тие кажаа дека сакаат да живеат, барајќи државата […]

Ковачевски му се заблагодарил на Шоле за стратешкото партнерство со САД

јануари 11, 2023

Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретна со Дерек Шоле, советник на државниот секретар на САД. Ковачевски бил придружуван од вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска и министрите за надворешни работи Бујар Османи, за одбрана, Славјанка Петровска, за внатрешни работи, Оливер Спасовски и за економија Крешник Бектеши. На состанокот бил ставен акцент на големата […]

За скенирање сметки ќе се враќаат 2.100, а не 1.800 денари на три месеци

декември 28, 2022

Граѓаните кои скенираат кодови на сметки ќе добиваат поврат на 2.100 денари за три месеци, а не 1.800, како што беше досега. Владата, на последната седница, даде зелено светло на Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, предложен од Министерството за […]

Со развојот на 5Г мрежата, дојде крајот на кинеската доминација во македонскиот телекомуникациски сектор

декември 24, 2022

Македонски Телеком и А1 Македонија во моментов работат на модернизација на целокупната телекомуникациска опрема за мобилна телефонија и на воведување на 5Г мрежата во земјава. За разлика од досегашните промени што се вршеле на технолошката генерација на телекомуникациската инфраструктура, Северна Македонија како земја-членка на НАТО и потписник на програмата „Чиста мрежа“ (Clear Network) иницирана од […]

Мета факт: Сè уште ги чекаме владините субвенции за набавка на хибридни и електрични возила

декември 20, 2022

Во државниот буџет за 2023 година не се предвидени финансиски средства за субвенции за граѓаните за набавка на хибридни и електрични возила, иако ваквото ветување беше дадено од македонската влада уште при крајот на 2018 година. Владата на 15 ноември 2018 година вети воведување на субвенции за набавка на електрични и хибридни возила, со рок […]

Македонија ќе донира зимска опрема за украинските војници

декември 6, 2022

Македонската влада на денешната седница донесе одлука за донација на зимска опрема кон Министерството за одбрана на Украина. Станува збор за ветровки, џемпери и ќебиња кои се донација од македонското Министерство за одбрана, информираат од владината прес-служба. За разлика од помошта која пристигнува од земјите-членки на НАТО, во ЕУ засега има проблем со Унгарија, која […]

Мета факт: Не се исполни ветувањето на министерот Бектеши за забрана на увозот на возила со под ЕУРО 5 стандард

декември 6, 2022

Изјавата на министерот за економија Крешник Бектеши дадена на крајот од јануари 2021 година дека во Северна Македонија лани ќе се забранел увозот на возила со под ЕУРО 5 стандард на емисија на издувни гасови е невистинита. Заострувањето на критериумите за увоз на половните возила во земјава не се случи во 2021 година, ниту пак […]

Ковачевски и Бесими го претставија предлог-буџетот за 2023 година

декември 3, 2022

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за финансии Фатмир Бесими денеска го презентираа предлог-буџетот за 2023 година. Премиерот Ковачевски посочи дека со предложениот буџет се обезбедува економска и енергетска стабилност, како и поддршка за граѓаните и компаниите во услови на светска економска и енергетска криза. Според зборовите на премиерот Ковачевски, фокусот на предлог-буџетот за 2023 година […]

Владата наместо Град Скопје би ги градела пречистителната станица, автобуското метро и другите капитални проекти

ноември 21, 2022

Владин тим работи во рамките на своите надлежности за да ги доврши започнатите капитални проекти во Градот Скопје, информираше премиерот Димитар Ковачевски. Тој најави дека Владата ќе ги преземе ингеренциите од скопската градоначалничка Данела Арсовска за реконструкцијата на Универзалната сала, но и за пречистителната станица за отпадни води, брзиот автобуски систем, клучката кај Момин поток, […]

Акумулациите полупразни со вода, хидроелектраните произведуваат струја помалку од нивниот капацитет

ноември 18, 2022

Вештачките акумулации низ земјава се полупразни со вода, а нивниот водостој е под повеќегодишниот просек за овој период од годината поради што и производството на електрична енергија од хидроелектраните во сопственост на АД ЕСМ е помало од нивниот вкупно инсталиран капацитет. Производството на струја од домашните хидроелектрани во услови на енергетска криза ќе биде значајно […]

Власта во Собрание ќе турка законски измени за враќање на владините реклами

ноември 16, 2022

Пратеници од владејачкото мнозинство во Собранието на РСМ доставија предлог-измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, којшто е закажан како точка на дневен ред на денешната 91-ва седница на парламентот. Законските измени се предложени од пет пратеници од власта, а со нив се бара бришење на членот 102 од Законот, со кој беше […]

Страна 4 од 13