fbpx

Средба Грковска – НДИ: Продолжуваме со партнерството за спроведување на реформските процеси

-

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска оствари средба со канцеларијата на Националниот демократски институт (НДИ) во Северна Македонија. На средбата присуствуваа Роберт Скот Хејзлет, директор на НДИ-Северна Македонија, Лидија Стојкова Зафировска, програмски директор и Насер Бислими, програмски офицер, информираат од владината прес-служба.

Грковска се заблагодарила за долгогодишната поддршка која ја дава Националниот демократски институт на Северна Македонија, потенцирајќи дека Владата продолжува посветено да работи на спроведувањето на реформите за добро владеење.

На средбата била позитивно оценета поддршката што ја дава НДИ и било истакнато дека Северна Македонија бележи напредок во спроведувањето на сложените реформи клучни за зацврстување на демократските процеси и транспарентноста на институциите.

Грковска, во контeкст на имплементација на принципите и политиките за добро владеење, истакна дека фокусот е на воспоставување партнерски однос и соработка со независните државни институции од оваа сфера.

Вицепремиерката го нагласи и значењето на соработката со граѓанскиот сектор во овој процес, како и имплементирањето на процесот на дигитализацијата како основа на политиките за добро владеење.

Националниот демократски институт ја потврди својата поддршка на Владата во понатамошното развивање на реформскиот процес и ги презентира резултатите од своите истражувања во оваа сфера.

На средбата обете страни ја потврдиле желбата да продолжи заедничката соработка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...