fbpx
Таг: Влада на РСМ

таг: Влада на РСМ

И по законскиот рок Владата без решение за Иловица

Вчера измина законскиот рок во која Владата требаше да се изјасни по жалбата на компанијата „Еуромакс Рисорсис“ по укинувањето на концесијата за рудникот Иловица. Компанијата, како концесионер на струмичкиот рудник за бакар и злато, на 25 јули упатил жалба на решението за одбивање на дозволата за Иловица  кое Владата го донесе на 4 јули  годинава откако било утврдено дека...

Заев на Денот на независноста: Успеавме да го фатиме, веројатно, последниот воз

На централната прослава на 28 години независност на Република Северна Македонија, која годинава беше организирана на поинаков начин, премиерот Зоран Заев од школката во Градскиот парк посочи дека „успеавме да го фатиме, веројатно, последниот воз што може да ја обезбеди нашата стабилна и просперитетна иднина“. Тој во својот говор рече дека „има некаква симболика“ во школката во паркот додавајќи дека...

Владата формираше тим за борба против криминалот и корупцијата, ќе го раководи Спасовски

Владата на денешната седница донесе одлука за формирање на оперативен тим за борба против криминалот и корупцијата, кој ќе биде составен од највисоките претставници на институциите од извршната власт. Со оперативниот тим ќе раководи заменик претседателот на владата и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. Во оперативниот тим ќе членуваат министерката за правда Рената Дескоска, заменик министерот за внатрешни работи...

За Планот за чист воздух аплицирале 19 општини, допрва ќе се определува за кои проекти ќе одат парите

За учество во реализацијата на најавените мерки од програмата наречена План за чист воздух досега се пријавиле 19 општини од земјава, информираат од Владата. Осум месеци откако беше објавена како еден од стратешките приоритети на македонската Влада, Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година за спроведување на мерки за намалување на аерозагадувањето и намалување на високите концентрации на ПМ10-честички...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...