fbpx

Владата формираше тим за борба против криминалот и корупцијата, ќе го раководи Спасовски

-

Владата на денешната седница донесе одлука за формирање на оперативен тим за борба против криминалот и корупцијата, кој ќе биде составен од највисоките претставници на институциите од извршната власт. Со оперативниот тим ќе раководи заменик претседателот на владата и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Во оперативниот тим ќе членуваат министерката за правда Рената Дескоска, заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми, директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, директорката на УЈП Сања Лукаревска, директорот на Управата за финансиско разузнавање Блажо Трендафилов, досегашниот заменик директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Ариф Асани и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски.

„Оперативниот тим е целосно подготвен да се стави на располагање на Јавното обвинителство и на судовите во остварување на нивните законски обврски“, се наведува во владиното соопштение.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Not a living soul“ – лингвистичка и политичка манипулација од руската кујна

Објава на Фејсбук шири невистина дека во англискиот јазик нема еквивалент за рускиот израз „ни души“, односно за нашиот „ни жива душа“, па Англичаните и Американците за тоа го...