среда, 21 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: декриминализација | 14 резултати

Вистиномер: „Глобалистите“ не туркаат агенда за легализација на канабисот во Украина – идејата е од пред руската инвазија

16 јуни 2022

Уште пред воената инвазија на Русија врз Украина, постоеле обиди и формални механизми кои биле користени за да се легализира медицинската употреба на медикаменти базирани на канабис во Украина. Во постот што го рецензираме, не постои никаков доказ дека глобалистите истуркале наводна агенда за канабис во Украина. Впрочем, се пропушта контекстот во постот што го […]

(Галерија) Сексуалните работници и работнички упатија апел за декриминализација на нивната работа

17 декември 2021

Сексуалните работници и работнички денеска го одржаа по 14-пат Маршот на црвените чадори во чест на 17 Декември, Меѓународен ден за стоп на насилството врз сексуалните работници и работнички. Маршот беше организиран од СТАР – Прв Колектив на сексуални работници на Балканот и од поддржувачите ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалиција Маргини. […]

Догодина ќе започне дебатата за декриминализација и целосна легализација на марихуаната [инфографик]

21 декември 2020

Не е во ред некој да оди во затвор затоа што користел половина грам природен канабис за лична употреба, во време кога веќе насекаде во светот оваа билка станува легална и за медицинска и за економска дејност, ова денеска го изјави премиерот на државата, Зоран Заев. Тој воедно најави дека на почетокот на идната година […]

Анкета: Половина од младите поддржуваат легализација на марихуаната, но се сложуваат дека ќе се конзумира неодговорно

17 ноември 2020

Легализација и декриминализација на марихуаната се фрази кои во последно време се слушаат сè почесто од страна на неколку организации и здруженија, но и од страна на политичката елита во државата. Премиерот Зоран Заев рече дека во тек е постапка за декриминализирање на марихуаната. Декриминализација подразбира дека уживателите на канабис нема да бидат казнувани, освен […]

Владата формираше тим за борба против криминалот и корупцијата, ќе го раководи Спасовски

13 август 2019

Владата на денешната седница донесе одлука за формирање на оперативен тим за борба против криминалот и корупцијата, кој ќе биде составен од највисоките претставници на институциите од извршната власт. Со оперативниот тим ќе раководи заменик претседателот на владата и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. Во оперативниот тим ќе членуваат министерката за правда Рената Дескоска, […]

EК ја повика Романија да го ревидира контроверзниот закон

13 август 2018

Европската комесарка за правда, потрошувачи и полова еднаквост Вера Јoурова, во интервју за германскиот весник „Ди Велт“ ги повика романските власти да го ревидираат предлог-законот кој предизвика масовни протести против корупцијата во земјата. Протестите продолжија мирно вчера, со околу 15.000 демонстранти на плоштадот „Викториеи“ во Букурешт. Протестите почнаа во петокот, кога ескалираа, и  при судирите […]

Спасовски: Новата влада ќе спроведе темелни реформи во полицијата и во УБК

8 мај 2017

Новата влада предводена од СДСМ е одлучна да спроведе темелни реформи во полицијата и во безбедносните служби, изјави денеска пратеникот и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, кој беше и министер за внатрешни работи во техничката влада за спроведување на изборите на 11 декември 2016 година. Инаку, Спасовски одржа прес-конференција еден час по свеченоста во […]

Романскиот парламент го поддржа планот за референдум

13 февруари 2017

Романскиот парламент едногласно го поддржа планот на претседателот на државата Клаус Јоханис да организира референдум за антикорупциските реформи. Гласањето во парламентот е вообичаена процедура, но неговото мислење за одржување на референдумот не е обврзувачко. Јоханис, некогашен член на десничарската опозиција, ја нападна владата поради уредбите со кои се штитат десетина јавни функционери од кривично гонење. […]

Премиерот на Романија размислува да го отпушти министерот за правда

6 февруари 2017

Романскиот премиер Сорин Гриндеану изјави дека можеби ќе го смени министерот за правда на таа земја поради спорните уредби за декриминализацијата. Таа уредба предизвика најмасовни антивладини протести од падот на комунизмот. Според неговите зборови, уредбата, која требало да декриминализира одредени службени прекршоци, довела до поделба на Романците и додаде дека поради тоа министерот за правда, Флоријан […]

Тројца пратеници во Албанија може да останат без мандати поради криминални досиеја

20 јануари 2017

Основното јавно обвинителство на Албанија ги испитува досиејата на тројца пратеници и на еден градоначалник, во согласност со Законот за декриминализација, со кој се забранува лица со криминално досие да бидат вршители на јавни функции, јавува дописничката на „Мета“ од Тирана. Имено, обвинителството го истражува минатото на пратеници од Демократската партија, Социјалното движење за интеграција и […]

Страна 1 од 1