fbpx
Таг: Влада на РСМ

таг: Влада на РСМ

Владата го стави во мирување изборот на нов ректор на УКИМ поради корона вирусот

Владата на вчерашната седница одлучи да го стави во мирување изборот на нов ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје по реакциите што беа упатени од дел од кандидатите за избор на оваа функција и од Независниот академски синдикат (НАКС). Владата го допрецизираше членот 5 од Уредбата за законот за високо образование, со кој се предвидува на органите...

203 граѓани вчера не го почитувале полицискиот час, казни и за 481 лице без маски

И покрај тоа што земјава е присутен вториот бран со забрзано ширење на корона вирусот, Министерството за внатрешни работи (МВР) регистрира непочитувања на владините мерки за спречување на ширењето на Ковид-19 од страна на граѓаните. Само во текот на вчерашниот ден, евидентирани се 203 лица низ целата земја кои не го почитувале полицискиот час, при што приведени биле 155...

Регионалните и локалните телевизии од денеска во штрајк – и тие бараат помош од владата

Регионалните и локалните телевизиски станици кои емитуваат програма преку оператори на електронска комуникациска мрежа, а се членки на здружението „Медиум објектив“, од денеска стапуваат во штрајк со едночасовен прекин на програма во периодот од 19 до 20 часот. Штрајкот ќе трае секојдневно, а во позадината на црниот екран ќе биде испишан текст: „ШТРАЈК поради нееднаков третман на Владата на...

Владата обезбеди половина милион евра за радиодифузерите за справување со последиците од корона вирусот

Владата усвои изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за формирање Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од Ковид-19. Оваа измена ги опфаќа сите радиодифузери во земјата, на кои ќе им се покријат трошоците за 2020 година кон операторот на дигиталниот терестријален мултиплекс за дозволата за емитување, информираат од Министерство за информатичко општество и...

Новинарската заедница реагира: Фондот за поддршка на медиумите мириса на корупција

Новинарските организации и кабелските оператори се вознемирени од владината најава за формирање фонд за помош на медиумите поради кризата со корона-вирусот, бидејќи таквата мерка може да влијае врз независноста на медиумите. Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) во принцип се против јавни пари во медиумите, особено ако тоа се прави...

Граѓаните со ваучерите и картичките ќе може да плаќаат само за услуги и производи

Со платежните картички што ќе ги добијат граѓаните нема да можат да се подигаат пари од банкомати, туку со нив ќе може само да се платат услуги или производи.  Забрзано се работи на изгледот и начинот на употреба на платежните картички за што Владата ќе донесе посебна уредба, со која ќе се утврди кои производи и услуги граѓаните ќе...

ЗНМ, ССНМ и СЕММ се против избрзани решенија за финансирање на медиумите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Независниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) сметаат дека Владата треба да се воздржи од избрзани и недоволно обмислени решенија во медиумската сфера, особено во период на предизборие. „Економската криза предизвикана од корона вирусот влијае на кревката финансиска моќ на медиумите генерално и затоа...

„Викенд без ДДВ“ на крајот на август, за 2-3 недели ќе има повик за првите ваучери и платежни картички

Целата процедура за аплицирање на граѓаните за најновиот, трет пакет економски  мерки на Владата, кои беа презентирани во неделата, ќе се прецизира во наредните две до три недели. Како што објасни на денешната прес конференција економскиот советник во Владата Фатмир Бетиќи, постапките ќе бидат едноставни и нема да има обемна административна процедура за предвидените ваучери и платежни картички за...

Владата со иницијален чекор за формирање на национален Фонд за енергетска ефикасност

Владата направи позитивен исчекор напред кон реализацијата на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор и кон основањето на националниот Фонд за енергетска ефикасност во земјава. На вчерашната владина седница се усвои Информацијата во врска со потребата од издавање на писмо без приговор за Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор. Вицепремиерката Мила Царовска, како назначен претставник за комуникација...

Владата со нови мерки за поддршка на економијата во криза, опозицијата бара стратегија

Премиерот Оливер Спасовски денеска го промовираше третиот пакет на мерки за помош на економските субјекти во земјава. Мерките опфаќаат бескаматни кредити, државни гаранции, кофинансирања и дигитални алатки со кои ќе се поддржат домашните компании. Преку Развојната Банка на Северна Македонија на компаниите ќе им се понудат нови бескаматни кредити од 31 милион евра за поддршка на жените, младите и дигитализацијата...

Здравствените работници кои се борат со Ковид-19 ќе добијат 20 отсто повисока плата за 2 месеци

Премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција информираше за нова мерка, со која владата ќе им изрази благодарност на здравствените работници кои директно се борат против Ковид-19 во земјава. Тие ќе добијат 20 отсто повисока плата за 2 месеци, која ќе им биде исплатена преку домашна платежна картичка. - Здравствените работници во битката со Ковид-19 се во првите редови и тие...

Ваучери и платежни картички ќе се делат на невработени, млади и вработени со ниски приходи

Премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција го презентираше третиот пакет мерки за економска помош изготвен од владата. Вредноста на овој пакет мерки изнесува 355 милиони евра и со него ќе бидат опфатени 730.000 корисници. Вкупната помош на економијата во сите три пакети за економска помош во екот на корона вирусот во земјава порасна на 550 милиони евра, односно 5,5...

Пендаровски ја продолжи вонредната состојба до 30 мај

Претседателот Стево Пендаровски по одржаната седница на Советот за безбедност соопшти дека вонредната состојба во земјава ќе се продолжи до 30 мај. Тој ќе потпише трета одлука за прогласување на вонредна состојба, но овој пат таа ќе трае само 14 дена. Овој период ќе биде доволен за спроведување на економските мерки и за справување со корона вирусот во нашата...

Антикорупциска бара владата да ги урива дивоградбите во Охрид и Струга

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) ќе побара од Владата да преземе активности за да се одземат ингеренциите на општините Охрид, Струга и Дебарца за рушење на дивоградбите. Антикорупционерите сметаат дека владата треба да ги урива дивоградбите, а не општинските власти. Причина за ваквото барање, според претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, е премалата сума, која Општина Охрид во 2019...

Советот за безбедност утре ќе расправа за продолжување на вонредната состојба

Советот за безбедност утре повторно ќе одржи седница кај Претседателот во „Вилата Водно“. Покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува д-р Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести. Очекувањата се на утрешната седница да се расправа за барањето на владата за ново продолжување на вонредната состојба во земјава. – Дел од мерките кои ги...

Филипче: Владата ќе побара продолжување на вонредната состојба

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше дека Владата ќе побара повторно продолжување на вонредната состојба. Тој појасни дека ова е важно од аспект на тоа што е неопходно Владата да има механизми за имплементирање на препораките кои произлегуваат од Комисијата за заразни болести. - Дел од мерките кои ги предложуваме важат за вонредната состојба и важно е да...

Уставен суд ја поништи владината уредба за минималец за функционери, судии и обвинители

Уставните судии на денешната седница ја поништија владината уредба за намалување на платите на функционерите, судиите и обвинителите за април и мај на 14.500 денари месечно. Владата ја донесе ваквата уредба како една од мерките во борбата против епидемијата со корона вирусот во земјава, како и за справување со финансиските потешкотии за државниот буџет што произлегоа од Ковид-19. Покрај тоа...

Спасовски: Очекував верските заедници повеќе да се грижат за животот и здравјето на граѓаните

Со верските заедници имавме добра комуникација и сите заедно разговаравме колкава е важноста на здравјето и животот на граѓаните и дека тоа нема поголем приоритет. Од тоа нема поединечен интерес, на одредена група, на верска заедница, политичка партија. Со овие зборови техничкиот премиерот Оливер Спасовски денеска го коментираше вчерашното собирање на стружани на литијата по улиците низ градот.  Спасовски...

Влада: Неодговорното однесување во Струга, го зголеми ризикот по јавното здравје на граѓаните

Владата најостро го осуди организирањето на настанот во Струга поттикнат за одбележување на верски празник, како и организирањето на прославата за Денот на полицијата во Скопје. „Организирањето на овие настани во услови на пандемија значи свесно кршење на забраните за јавни собири, и е резултат на крајно неодговорни одлуки кои се закануваат да ги доведат во ризик и прашање сите...

Уставниот суд им ја врати полната плата на функционерите, судиите и обвинителите, Владата негодува

Уставниот суд на денешната седница одлучи привремено да го запре извршувањето на три уредби на владата во период на вонредната состојба. Станува збор за уредбата со која сите избрани, именувани и назначени лица во јавниот сектор ќе добиваат минималец од 14.500 денари како месечна плата за април и мај. Ова значи дека извршувањето на уредбата е запрено, поради тоа...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...