203 граѓани вчера не го почитувале полицискиот час, казни и за 481 лице без маски

-

И покрај тоа што земјава е присутен вториот бран со забрзано ширење на корона вирусот, Министерството за внатрешни работи (МВР) регистрира непочитувања на владините мерки за спречување на ширењето на Ковид-19 од страна на граѓаните. Само во текот на вчерашниот ден, евидентирани се 203 лица низ целата земја кои не го почитувале полицискиот час, при што приведени биле 155 лица, информираат од МВР. За останатите лица се земени податоци, а за сите прекршители на забраната за движење ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Во однос на мерката за не носење лична заштита на лицето, само во изминативе 24 часа МВР регистрирало 481 прекршоци и за нив ќе следуваат соодветни парични казни, информираат од МВР.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на земјава на 722 лице им се издадени решенија за изолација, а 185 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Владата на вчерашната седница ја разгледа информацијата за активностите на МВР и на инспекциските служби за контролите и постапувањата во однос на спроведувањето на владините мерки за справување со корона вирусот за време на тековниот продолжен викенд.

„Владата беше информирана дека во текот на наредните два дена ќе биде зголемен бројот на припадниците на министерството на терен, особено во градовите туристички дестинации во земјата“, се вели во соопштението на владината прес-служба.

Престрелка во Чаир, едно лице е убиено

Едно лице е убиено, а две се повредени во престрелка што ноќеска се случила во скопската општина Чаир. Инцидентот се случил помеѓу две групи на паркинг поради претходно недоразбирање во сообраќајот. Министерството за...

Објава преку лажно видео тврди дека УСАИД им плаќала на холивудски актери за да ја посетат Украина

Видеото и приказната во него не се автентични и не потекнуваат од E! News. Дарен Линвил, ко-директор на Медиумскиот центар за форензика на Универзитетот Клемсон, на социјалната мрежа Икс изјави дека...

Ревизија во Централен регистар, три регистри не функционираат и покрај тоа што може да се користат

Неправилности како продажба на патнички моторни возила без согласност од Владата, неусогласености во евиденцијата на приходи и нефункционирање на одредени регистри, утврдиле ревизорите по извршената ревизија за работењето на Централниот регистар. Државниот...

Божиновска на Меѓународниот ден на девојки и жени во науката: Министерството ќе ја зајакне поддршката за девојките во STEM

По повод Меѓународниот ден на жените и девојките во науката, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со млади девојки од Македонија кои градат кариера во областа...

Престрелка во Чаир, едно лице е убиено

Едно лице е убиено, а две се повредени во престрелка што ноќеска се случила во скопската општина Чаир. Инцидентот се случил помеѓу две групи на паркинг поради претходно недоразбирање во...