fbpx

„Викенд без ДДВ“ на крајот на август, за 2-3 недели ќе има повик за првите ваучери и платежни картички

-

Целата процедура за аплицирање на граѓаните за најновиот, трет пакет економски  мерки на Владата, кои беа презентирани во неделата, ќе се прецизира во наредните две до три недели. Како што објасни на денешната прес конференција економскиот советник во Владата Фатмир Бетиќи, постапките ќе бидат едноставни и нема да има обемна административна процедура за предвидените ваучери и платежни картички за граѓаните.

– Владата веќе почнува да ги чисти списоците на корисниците, според посочените критериуми, но ќе има и процес на изјаснување на граѓаните, дали ги прифаќаат мерките. Во следниот период, не повеќе од две до три недели, ќе има повик до сите граѓани за првите платежните картички и ваучерите – рече Битиќи.

Тој посочи дека мерката „Викенд без ДДВ“ се планира да се реализира при крајот на август годинава или на почетокот на септември, а доколку и во тој период има препораки за физичка дистанца на граѓаните, Владата ќе одлучи за друг термин за реализација на оваа мерка, додавајќи дека граѓаните ќе ги добиваат парите преку софтверското решение на УЈП, исто како и проектот „Мој ДДВ“.

Мерката ќе важи само за производите што ќе се продадат тој викенд, со издадена фискална сметка. Ќе може да се пазари во продавници за гардероба, бела техника, мебел, санитарија, школски прибор,книги…

– Кон крајот на август и почетокот на септември очекуваме ефектите од корона вирусот да спласнат и да се креираат услови за непречено функционирање на државата. Ако во тој период има препораки за негрупирање, тогаш ќе се види кога ќе биде најпогодниот момент да се имплементира мерката „Викенд без ДДВ“ – изјави тој.

Владата очекува воведувањето на „Викендот без ДДВ“ за сите граѓани да ја поттикне домашната потрошувачката и приходите кај домашните компании и дека со оваа мерка 20 милиони евра ќе се слеат во стопанството. За платежната картичка за купување на македонски услуги и производи Битиќи најави дека се разгледува техничките можности за софтверски да се препознаваат производите и да се плаќаат на посебен пост-терминал, за што граѓаните ќе бидат дополнително известени.

Тој рече дека во наредниот период ќе има и повик за аплицирање за платежни картички во вредност од 9.000 денари за посета на домашни хотели или други капацитети. Со оваа мерка се планира да бидат опфатени околу 100.000 граѓани кои ќе добијат ваучер за домашен туризам од 6.000 денари и платежна картичка од 3.000 денари. Мерката се однесува за граѓаните кои имаат плата до 15.000 денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Може да се раскине кој било договор, прашање е цената

Ванковска делумно точно оценила дека раскинувањето на договорите со Бугарија и Грција „е лесно“ и „малку потешко“. Но, нејзината проценка колку лесно или колку тешко се раскинуваат билатералните и...