fbpx

ЗНМ, ССНМ и СЕММ се против избрзани решенија за финансирање на медиумите

-

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Независниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) сметаат дека Владата треба да се воздржи од избрзани и недоволно обмислени решенија во медиумската сфера, особено во период на предизборие.

„Економската криза предизвикана од корона вирусот влијае на кревката финансиска моќ на медиумите генерално и затоа Владата треба да ги исцрпи сите останатите можности за поддршка на медиумите, пред да се размислува за каква било директна финансиска помош. Во таа насока, предлагаме Владата дополнително да ги ослободи телевизиите и радијата од бројни давачки кон државата пред се кон ААВМУ и кон Агенцијата за електронски комуникации, а со цел да го помогне нивното работење во услови на криза. Освен ова, дополнително треба да се направи анализа за нови линеарни даночни олеснувања на традиционалните, но и онлајн медиумите зошто на тој начин Владата ќе демонстрира дека се грижи медиумите да имаат поволни услови за функционирање во кризно време, а истовремено нема да покаже дека има селективност во поддршката,“ сметаат од ЗНМ, ССНМ и СЕММ.

Тие исто така сметаат дека доколку кризата на програмската содржина на медиумите, која постои и пред корона вирусот, и натаму не покаже знаци на опоравување, во иднина Владата треба да размислува за креирање на привремена поддршка за иновативни и креативни медиумски проекти, односно продукти од јавен интерес, за сите медиуми, со што би се подобрил квалитетот на програмата, како и економската состојба на новинарите.

„Со цел дефинирање на критериуми и инклузивност во процесот за обмислување на моделот кој треба да ги запази стандардите од ЕУ-членките, ќе биде нужно овој процес да мине низ широка дебата со вклученост на релевантните чинители.  Собранието веднаш по конституирањето потребно ќе биде да донесе законско решение со поширок консензус за оваа исклучително важна тема. Битен аспект за ваков тип на финансиска поддршка е тоа што сите медиуми што се заинтересирани ќе можат да аплицираат“ се додава во соопштението.

ЗНМ, ССНМ и СЕММ напоменуваат дека овие финансии не смеат да го нарушат медиумскиот пазар или да создадат услови за нови непазарни влијанија. Затоа, нивниот обем треба да биде умерен. Освен тоа, треба да постојат гаранции дека истите средства би се користеле за подобрување на социјално-економската положба на новинарите и медиумските работници и за создавање на квалитетни медиумски содржини кои се од интерес на јавноста.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...