fbpx

Спасовски: Очекував верските заедници повеќе да се грижат за животот и здравјето на граѓаните

-

Со верските заедници имавме добра комуникација и сите заедно разговаравме колкава е важноста на здравјето и животот на граѓаните и дека тоа нема поголем приоритет. Од тоа нема поединечен интерес, на одредена група, на верска заедница, политичка партија. Со овие зборови техничкиот премиерот Оливер Спасовски денеска го коментираше вчерашното собирање на стружани на литијата по улиците низ градот. 

Спасовски со револт во гласот кажа дека очекувал до тој договорен принцип најмногу од сите да се држат верските заедници.

„Јас сум длабоко разочаран од постапката која што се направи вчера во Струга. Јас очекував дека навистина верските заедници ќе имаат поизразито чувство за животот и здравјето на граѓаните. Како човек, но и како претседател на влада очекувам надлежните органи да преземат сè што треба да биде преземено од аспект на мерки и санкционирање на организаторите“, изјави Спасовски.

Тој најави дека санкции треба да има против организаторите и поради прекршувањето на уредбата која не дозволува собирање на јавно место на повеќе од двајца и на оние кои не постапувале евентуално да се спречи ваква една организација.

„Мора да се знае дека одлуките мора да се почитуваат. Ако 80, 90 и повеќе проценти водеа сметка, секој од нас води сметка, мора да се поведат постапки максимално сериозно“, оцени Спасовски.   

Според него, основа на одлуката за датум на избори треба да биде здравјето и животот на граѓаните. На средбата на политичките лидери идната недела кај претседателот Стево Пендаровски, Спасовски очекува да се надминат партиските разлики, а како што рече, одлуките да бидат базирани на здравјето и животот на граѓаните, базирани на одговорноста на политичарите.

„Сметам дека таква одлука треба да се донесе заради тоа што пред сè потребни се функционални институции кои ќе можат да се справат со секаков вид на идни предизвици што стојат пред нас и тоа треба да биде водилка за сите нас“, изјави Спасовски.

Овие изјави Оливер Спасовски ги даде во Пробиштип, каде денеска направи увид во изградбата на новата зграда со социјални станови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...