fbpx

Антикорупциска бара владата да ги урива дивоградбите во Охрид и Струга

-

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) ќе побара од Владата да преземе активности за да се одземат ингеренциите на општините Охрид, Струга и Дебарца за рушење на дивоградбите. Антикорупционерите сметаат дека владата треба да ги урива дивоградбите, а не општинските власти.

Причина за ваквото барање, според претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, е премалата сума, која Општина Охрид во 2019 година ја има одделено за ангажирање на фирма која треба да ги урне дивоградбите.

– Општина Охрид во 2019 година има еден договор со еден оператор и тоа од 1,5 милиони денари со пресметано ДДВ. Сметаме дека тоа е премал износ, ДКСК ќе упати барање до Владата да ги преземе сите активности, за да ги одземе ингеренциите на сите општини, кои се во овој регион под заштита на УНЕСКО и да се справи со бесправно изградените објекти. Со овие средства може да се урне една дивоградба, а тоа упатува кон тоа дека има селективен пристап – кажа Ивановска.

Минатата година, Антикорупциската комисија поведе постапка и побара да се поништи тендерот за избор на фирма која требаше да ги урива дивоградбите, бидејќи јавната набавка ја доби фирма која се поврзуваше со охридскиот советник Нефи Усеини. Тогаш, од комисијата се произнесоа дека службено лице не може да воспостави деловни односи со правно лице, кое е во негова сопственост или во сопственост на член на семејството.

Во Охрид, според регистарот на општината, беше утврдено постоење на 1.076 дивоградби, од кои 409 се во заштитено подрачје. Од нив, две се на охридскиот советник Нефи Усеини, кој без дозвола изгради бетонска база и летна тераса за пицерија кои со месеци стојат нечепнати.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...