fbpx

Влада: Неодговорното однесување во Струга, го зголеми ризикот по јавното здравје на граѓаните

-

Владата најостро го осуди организирањето на настанот во Струга поттикнат за одбележување на верски празник, како и организирањето на прославата за Денот на полицијата во Скопје.

„Организирањето на овие настани во услови на пандемија значи свесно кршење на забраните за јавни собири, и е резултат на крајно неодговорни одлуки кои се закануваат да ги доведат во ризик и прашање сите ефекти и резултати што беа постигнати во спречувањето на ширењето на коронавирусот,“ велат од таму.

Од Владата потсетуваат дека Струга и поширокото подрачје во тој регион беа зони на нагласено присуство на закани од пошироки размери од корона вирусот и беа вложени натчовечки и исклучителни напори и мерки на здравствените работници, на полицијата, на Армијата и на сите останати вклучени во спречувањето на ширењето на вирусот и тоа даде резултати.

„Сега, после вчерашниот настан, имаме ситуација која може да предизвика сериозни последици заради неодговорното однесување кое повторно го подигна степенот на ризик по јавното здравје и здравјето на граѓаните во општината и во тој регион. Владата ги повикува Министерството за внатрешни работи и обвинителството итно да лоцираат конкретна одговорност во рамки на сите институции и чинители кои имале каков било удел во организирањето или неспречувањето на овие настани. Владата го повикува министерот Чулев да престане со чекорите со кои го загрозува јавното здравје и да преземе одговорност,“ се вели во соопштението.

Владата очекува и бара од МПЦ и од ИВЗ, да не преземаат никакви следни чекори по однос на организација на какви било собири од верски карактер, сè додека забраните и мерките за заштита на здравјето се на сила.

„Воедно, укажуваме на сите надлежни и одговорни лица во земјата кои од било каква причина би се осмелиле да организираат слични настани, дека ваквите дејствија можат да значат ширење на епидемијата за што се одговара согласно Уставот и законите. Владата на својата денешна итна седница ќе ги разгледа можните последици од настанот во Струга и согласно препораките на Комисијата за заразни болести ќе се преземат соодветни мерки за превенција од ризикот по здравјето на граѓаните на општина Струга и на регионот и за можното прелевање на ризиците и во други делови на земјата,“ се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...