fbpx

Обвинителство ќе го истражува случајот за не почитување на здравствените прописи за време на литијата во Струга

-

Основното јавно обвинителство Струга отвори предмет по објавување на снимките и фотографиите на социјалните мрежи, а во врска со масовното присуство на граѓани на литијата одржана на 7 мај 2020 година, по повод верскиот празник Св. Ѓорѓија.

„Постапувањето на обвинителството е заради присуството на граѓани на литијата во услови на пандемија, кога не се почитувани Одлуките на Владата за задолжително придржување на здравствените прописи и тоа во однос на забраната за групирање во групи поголеми од две лица, потребното растојание од најмалку два метри меѓу лицата и задолжително носење на заштитни маски доколку просторот меѓу граѓаните е помал од пропишаното,“ се вели во соопштението.

Од струшкото обвинителство наведуваат дека во насока на утврдување на факти во предметот, поднеле барање до МВР – ОВР Струга за проверка на настанот и откривање на евентуални сторители на кривичното дело.

„При тоа, побарано е да се идентификуваат и повикаат организаторите на литијата за да се утврди дали настанот бил уредно пријавен, кој требало да учествува, каква дозвола добиле и дали е постапувано согласно истата, како и дали презеле дејствија како организатори да нема присуство на граѓани или пак со редарска служба да го обезбедат евентуалното присуство на граѓани, а во насока на примена на здравствените прописи во услови на опасност од ширење на заразната болест предизвикана од вирусот Ковид-19,“ додаваат од таму.

Обвинителството издало наредба за обезбедување на безбедносните камери од околните објекти, со цел да биде извршена идентификација на лицата кои присуствувале на настанот, како и да се утврди дали лицата самоиницијативно присуствувале на настанот.

Снимките кои вчера масовно се споделуваа на социјалните мрежи, ги разгневија граѓаните бидејќи поради огромното присуство на литијата, не се почитуваа мерките за безбедно растојание и носење на маски. Во врска со овој настан реагираше и министерот за здравство Венко Филипче кој побара истрага, бидејќи е прекршена строгата забрана за вакви масовни собирања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...